Home » , » Рамон Сешнс со свеж старт во Бобкетс

Рамон Сешнс со свеж старт во Бобкетс

Written By Unknown on 13.10.12 | 19:04

Овие денови Рамон Сешнс се пронајде себеси на правите патеки во Шарлот Бобкетс, откако претходно настапуваше мал период за Лос Анџелес Лејкерс. Тој беше трејдуван и ја доби стартната позиција на еден од најлошите тимови и тоа некако му е сеедно.

Сешнс можеше да се врати во Лејкерс оваа сезона, но тој го одби договорот од 4.5 милиони долари во последната година и реши да ја испроба среќата на маркетот за слободни агенти.

Проблемот на Лејкерси да го трејдуват, желбата за подолг договор и шансата да игра близу дома, Сешнс го натераа да потпише 2 - годишен договор од 10 милиони долари со Шарлот Бобкетс.

“Не беше лесно. Да се биде во оваа лига 6 сезони со 5 различни тимови е тоа што е. Јас не сум загрижен што луѓето мислат. Се додека моето име е на дресот јас ќе бидам загрижен само за тоа.“ - изјави Рамон Сешнс.

Рамон Сешнс ги помина првите 4 и пол години во Милвоки Бакс, Минесота и во Кливленд Кавалирс, како и во Д-Лигата. Кавалирс го трејдуваа во Лејкерс во последниот ден од трејд периодот.

И кога се очекуваше да се среди, а тоа и самиот Сешнс го потврди како трејдот во Лејкерс било исполнување на сонот, сепак потпиша со Бобкетси.

“Јас не чувствувам никаков пристиок. Јас сум овде и уживам во овие моменти и ќе дадам најдобро од се за овој тим. Во моментот сум на највисоката сцена каде може некој кошаркар да игра, а тоа е НБА лигата. Јас сум во тим кој што оваа сезона ќе има високи амбиции и сум во првиот состав. Ова е дефинитвно предизвик за мене и со нетрпение го очекувам стартот на сезоната“. -додаде Сешнс.

0 comments:

Post a Comment