Ииии ... стигна денот. 30-ти Октомври. Денот кој го чекавме уште од почетокот на изминатото лето, кога заврши еуфоријата за титулата на Мајами и кога всушност сфативме дека ни недостига вистинската НБА кошарка. Немаме повторно скратена лок-аут сезона како лани, не сме во исчекување да го дознаеме новиот датум за стартот на сезоната, туку треба да знаеме дека вистинската НБА сезона ни доаѓа токму оваа вечер.
Во текот на ова лето нашата страна Ве подготвуваше за новата сезона на многу начини. Правевме предвидувања, ве известувавме за секоја важна информација, ги одбројувавме последните 30 и неколку дена со бројките на играчите и правевме всушност се' што е можно за да ја доближиме новата сезона исполнета со НБА кошарка што е можно поблиску до Вас - нашите верни фанови.
За престојната сезона нема потреба да зборуваме; се очекува да биде една од најконкурентните НБА сезони во последнава деценија. Имаме многу претенденти за титулата, имаме многу ветувања на играчите, имаме многу стари фаци во нови тимови... па така да, можете да се надевате само на најдоброто.
Фанови, се надеваме дека ќе останете да не следите и во текот на сезоната со полна пареа, низ која што верувајте, нема да ве изневериме. Нашите информации и новости се секогаш на место, па така да можете тотално да Ни верувате и да се потпрете на НБА - Македонија.
Уживајте во ова видео кое што само ја "разжештува" желбата и еуфоријата за новата сезона и бидете трпеливи барем во вечерва....
0 comments:
Post a Comment