Home » , » Џејмс Харден: “Се случи многу брзо“

Џејмс Харден: “Се случи многу брзо“

Written By Unknown on 29.10.12 | 20:27

Помина доста малку време за да се зборува на оваа тема, но Џејмс Харден веќе утврдува дека ќе потпише нов договор со неговиот нов тим - Хјустон Рокетс.

Тековниот 6ти играч на сезоната Џејмс Харден пристигна во Хјустон во неделата, само ден откако беше пратен во Рокетс преку трејд со Оклахома Сити Тандер.

“Се случи брзо. Се случи многу брзо. Но сега ова е позицијата во кој сум моментално. Сега играм за Хјустон Рокетс и треба да излезам на теренот секоја ноќ и да ја пружам мојата најдобра игра за да победам. “ - изјави Џејмс Харден.

Џејмс Харден исто така кажа дека ќе мора да се прилагоди во играњето за тим кој е во процес на преградување, откако веќе 2 години игра за тим кој претендира за титулата.

Харден исто така се обрати и на социјалната мрежа „Twitter“, каде што им се заблагодари на фановите и на организацијата во Оклахома за интересните 3 години кои што ги одигра таму.

0 comments:

Post a Comment