
Пред натпреварот Мајами ги доби своите шампионски прстени, а конечно ЛеБрон Џејмс можеше на раката да го стави толку посакуваниот прстен. На кровот на Американ Еарлајнс Арената е подигнато шампионското знаме, второ во историјата на клубот.
Двобојот беше неизвесен. Тимот на Хит доминираше од почетокот, а тимот го предводеа трите најголеми ѕвезди. Но, на нив им се приклучи и ветеранот Реј Ален кој официјалното го имаше против дебито својот поранешен тим - Бостон. Поранешните соиграчи ладно се поздравија, а Ален им даде 19 поени. Двејн Вејд беше најдобар со 29 поени, ЛеБрон Џејмс додаде 26 со 10 скока, а Крис Бош имаше 19 со исто толку скокови како ЛеБрон.
Кај Бостон Пол Пирс имаше 23 поени, Рондо се истакна со 20 поени, 13 асистенции и 7 скока. Леандро Барбоса во дебито имаше 16 поени, а Брендон Бас 15 поени и 11 скока.
Како што во претсезоната Лејкерси имаа 8/8 порази, така ја почнаа и новата сезона со пораз. Во својот Стејплс Центар загубија со 91-99 од Далас, кој играше без повредениот Дирк Новицки.
Мавси ги упропастија двете нови ѕвезди на Лејкерси, Двајт Хауард и Стив Неш. Притоа Хауард имаше дабл-дабл учинок со 19 поени и 10 скока, но промаши и 11 од 14 слободни фрлања. Неш додаде само 7 поени и 4 асистенции со шут од игра 3-9, а прва ѕвезда на Лејкерси беше Пау Гасол со 23 поени 13 скока и 6 асистенции. Гостите имаа 6 играчи со +10 поени, а беа предводени од Дарен Колисон со 17 и Брендан Рајт со 14 поени.
0 comments:
Post a Comment