Home » , » МекГрејди кариерата ја продолжува во Кина ?

МекГрејди кариерата ја продолжува во Кина ?

Written By Anonymous on 9.10.12 | 20:40


tracy-mcgrady1
По 15 години поминати во НБА лигата, еден од најдобрите кошаркарски таленти Трејси МегГрејди кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Yahoo! Sports пренесува дека неименуван извор потврдил дека Трејси е на чекор до потпис со кинескиот тим Quingdao, со обриз на тоа што дека никој НБА клуб не се интересира за него. Имено Трејси е познат по честите повреди, така да ниеден тим не сака да му плати на некого за да седи на клупата и да ги брои доларите.

Официјалната потврда треба да дојде за неколку дена, а Трејси би требало да отпатува во далечниот Исток за 10 дена. Да речиме дека потписот со кинескиот тим му го средил долго-годишниот соиграч Јао Минг.

МекГрејди во својата НБА кариера играше за 6 клуба, а најспектакуларен беше во Орландо и Хјустон. Сезоната 2002/03 беше неговата најдобра сезона постигнувајќи дури 32,1 поени по натпревар. Најлошата сезона му беше токму оваа.


0 comments:

Post a Comment