Home » , » Сиксерс се во преговори за продолжување на договорот со Џру Холидеј

Сиксерс се во преговори за продолжување на договорот со Џру Холидеј

Written By Unknown on 8.10.12 | 20:39

Филаделфија знае каде сака да и биде срцето. Џру Холидеј на бековската позиција, Еван Тарнер на крилната позиција и Ендру Бајнам во рекетот. 

Главен играч кој Сиксерс ќе сакаат да го продолжат наредното лето ќе биде Ендру Бајнам, но да не заборавиме дека и договорот на Џру Холидеј истекува на крајот на оваа година.

Како и очекувано, Филаделфија почнале со преговори да го задржат Џру Холидеј, т.е. да го продолжат неговиот договор. Според Марк Стејн од „ESPN.com“, тоа ќе се случи со голема веројатност.

Двете страни имаат рок до 31. Октомври да потпишат договор. Доколку тоа не се случи, Џру Холидеј постанува заштитен слободен играч наредното лето. 

0 comments:

Post a Comment