Веќе без Дерик Роуз кој одамна е надвор од терените, оваа повреда на Хајнрих создаде дополнителни маки на Чикаго, за кого веќе бековската линија е тенка. Кирк Хајнрих мораше да го напушти натпреварот против Оклахома на 23.10. поради повреда на препонтие во втората четвртина од натпреварот.
После натпреварот, Том Тибодоу - тренерот на Чикаго Булс изјави дека не ја знае сериозноста на повредата и дека може да го држи Хајнрих надвор до почетокот на новата сезона.
“Јас не знам колку е сериозна повредата. Ако му треба време да се врати ќе го добие. А ако не му е потребно ќе игра.“ - изјави Тибедоу по натпреварот.
Остусвтото на Хајнрих значи поголема одговорност на Нејт Робинсон кој ќе биде солидна замена, но не толку добра ако сте да постигнувате победи. Робинсон не е константен и не е толку добар дефанзивез како Хајнрих. Но со два повредени плејмејкери Булси и немаат многу што да направат.
0 comments:
Post a Comment