Home » , » Коби му бил ментор на Двајт Хауард со години наназад

Коби му бил ментор на Двајт Хауард со години наназад

Written By Unknown on 9.10.12 | 23:25

Стана голема приказна минатата година, кога Двајт Хауард беше голема мета за трејд - трансфер, дека всушност Хауард не сака да им се придружи на Лејкерс и Коби Брајант, бидејќи Лејкерс биле тим на Коби.

Со тоа беше споменато и дека Коби Брајант и Двајт Хауард немаат "кој - знае" каква пријателска врска. Но, тоа не беше случајот. Коби Брајант и Двајт Хауард имале и тоа како добра врска, зборувајќи меѓусебно не само на Ол-Стар натпреварите, туку и на сериозни, менторски разговори.

“Онаа работа што многу луѓе не ја знаат е дека јас имам сериозна пријателска врска со овој човек за веќе 4 години. И тој беше неверојатна помош за мене. Ми помогна подобра да навлезам во водите на НБА кошарката. Но тоа беа само зборови или совети упатени кон мене, со намера да ми покаже како треба да се однесуван кон тимот и такви работи ...“ - изјави Двајт Хауард за „Sports Illustrated.“

“Јас му кажав на Коби веднаш штом бев трејдуван во Лејкерс. Јас сакам да бидам еден од најдобрите што ја играл оваа игра. Сакам од тебе да ме гураш секој ден нанапред. А тој ми рече дека ќе биде од голема помош за мене, бидејќи видел нешто навистина добро во мене и сака да остави негов отпечаток во тоа.“ - додаде Хауард. 

Мора да има уште некој играч кој што зборувал со Коби Брајант на оваа тема. Тој играч сигурно научил како се победува и како да се остане на врвот за долго време.

0 comments:

Post a Comment