Home » , » Лејкерс и Мајами губат во улога на фаворити во нивните први претсезонски натпревари

Лејкерс и Мајами губат во улога на фаворити во нивните први претсезонски натпревари

Written By Unknown on 8.10.12 | 11:29

Синоќа се одиграа 5 контролни, претсезонски натпревари, а фаворитите за НБА титулата ЛА Лејкерс и Мајами Хит неочекувано изгубија.

Голден Стејт Вориорс убедливо славеа во Калифорнија против ЛА Лејкерс, со конечен резултат од 110-83. Не дека некој е загрижен за овој пораз на Лејкерс и дека значи минус на табелите, бидејќи ова е само претсезонски натпревар, во кој ѕвездите играа во просек по 15 минути на натпреварот. Кај Лејкерс најдобар беше Коби Брајант со 10 поени и 3 асистенции, додека 19 поени и 7 скока имаше Дејвид Ли од Голден Стејт.

Мајами играше на гостински терен кај Атланта Хокс и тековните шампиони не успеаа да слават на нивниот прв пост - шампионски натпревар. Хокси победија со 92-79 на домашен терен, а најзаслужни беа Џош Смит со 21 поени и Лу Вилијамс со 18 поени. Кај Хит најефикасен беше Крис Бош со 22 поени и 8 скока.


Бостон Селтикс ја завршија лесно работата во Италија и со убедливи 105-75 славеа над Армани Милано. Ражон Рондо (17 поени и 6 асистенции) и Џеф Грин (11 поени, 3 тројки) одиграа одличен натпревар за Селтикси во Италија. 

Натпреварот помеѓу Вашингтон Визардс и Шарлот Бобкетс беше исто така интересен. Заврши со победа на најлошиот тим минатата сезона - Бобкетс, со 100-88 над Визардс. Џералд Хендерсон постига 19 поени, а вториот пик на драфтот Мајкл Кид - Гилхрист имаше 12 поени, 6 скока и 3 украдени топк. За Визардс најефикасен беше третиот пик на драфтот Бредли Бил, кој заврши со 18 поени.

Орландо Меџик и Њу Орлеанс Хорнетс одиграа пријателски натпревар во Мексико. Тоа беше најблискиот натпревар на синоќешната програма, завршувајќи со конечен резултат од 85-80 во полза на Хорнетс. Брајан Робертс, играч кој не е регистриран во ростерот за сезоната 2012/13 за Хорнетс, беше всушност најефикасен на натпреварот, постигнувајќи 17 поени и 4 скока. Првиот пик на драфтот Ентони Дејвис имаше 8 поени, 8 скока и 2 изблокирани шута. Кај Орландо Меџик најдобар беше младиот Е'туан Мур со 16 поени и 7 асистенции.

0 comments:

Post a Comment