Голден Стејт Вориорс нема да чекаат уште една сезона за да видат како ќе биде зглобот на Стефан Кари или да видат дали добра сезона ќе биде доволна за тие да продолжат да соработуваат со него. Вориорс го заклучуваат Кари на својот ростер.
Се работи за договор помеѓу Голден Стејт и Кари кој е вреден 44 милиони долари, а ќе трае 4 години. Се очекува договорот да биде потпишан уште вечерва, пред првиот натпревар на Голден Стејт (во кој се очекува Кари да настапи).
Ова е помалку и ризик за двете страни.
Кари минатата сезона пропушти многу натпревари поради повредите на зглобот и имаше неколку операции на зглобовите. Одигра само 94 минути во претсезоната пред повторно да го истегне зглобот, но сепак тоа испадна дека не е нешто сериозно. Коцката на Вориорс е во 44 милионите долари кои ги вложуваат во Кари за тој да биде здрав и да одигра на високо ниво, не само во првата година од неговиот нов договор, туку и во наредните 3.
0 comments:
Post a Comment