Home » , » Дурант :“Би тренирал и со Коби како и со Ентони“

Дурант :“Би тренирал и со Коби како и со Ентони“

Written By Anonymous on 9.10.12 | 20:32

kevin-durant
Најдобриот стрелец на НБА лигата во последните 3 сезони, Кевин Дурант, не гледа ништо лошо во тренирањето со своите најголеми ривали, додека американските медиуми го критикуваат поради тоа.

Ова лето Дурант, кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, одработи  неколку тренинзи со најдобриот играч на денешницава - ЛеБрон Џејмс. По тоа што дознаа американските медиуми, почнаа да го критизираат Дурант поради тренирањето со својот најголем ривал.

“Мислам дека се се претерува. Новинарите го пишуваат тоа што го мислат и луѓето го читаат тоа. Тренирав во неколку наврати со ЛеБрон, со цел да бидам уште подобар. Не гледам ништо лошо во тоа. Кога би било можно, би тренирал и со Коби Брајант или Кармело Ентони. Таквите тренинзи ме прават појак и поискусен.“ - вели Дурант.

Да потестеиме дека Оклахома на конец минатата сезона е поразен во финалето од Мајами со 4-1, а токму Џејмс беше најдобар играч.

0 comments:

Post a Comment