Home » , » Фантастичен почеток за Харден во Хјустон, Лејкерси повторно поразени

Фантастичен почеток за Харден во Хјустон, Лејкерси повторно поразени

Written By Anonymous on 1.11.12 | 11:22


james-harden-houston
Одлично деби во дресот на Хјустон Рокетс по трасферот од Оклахома имаше актуелниот најдобар 6ти играч на сезоната Џејмс Харден донесувајќи му победа на тимот со резултат од 105-96 над Детроит.

Харден даде 37 поени со 12 асистенции, 6 скока и 4 украдени топки и го прослави својот 5 годишен договор вреден 80 милиони евра.

Донегокашниот играч на Никси, Џереми Лин даде 12 поени, 8 асистенции и 4 украдени топки во својата премиера како стартен плејмејкер во Рокетси, додека од друга страна кај Детроит најдобар беше Брендан Најт со 15 поени.

“Ова е нова улога за мене и мислам дека сите знаат за тоа. Морам да бидам лидер на теренот.“ - вели Харден по натпреварот.

ЛА Лејкерси повторно се поразени овој пат на гостувањето кај Портланд во Роус Гарден со 116-106 во натпревар кој се повреди Стив Неш. Најефикасен беше Никлас Батум со 26 поени, додека рукито Демиел Лилард имаше сјајно НБА деби со 23 поени и 11 асистенции. Пресвртница во натпреварот беше серијата на 13-0 која дојде касно во 3/4 од натпревар предводена од Саша Павлович со 7 поени по ред.

Лејкерси така ја запишаа и втората загуба по ред оваа сезона во два вечери, по поразот против Далас. Не им помогна одличната вечер на Двајт Хауард во која постигна 33 поени, 14 скока и 5 асистенции, а и стандардно добриот Коби Брајант кој даде 30 поени.

Канадскиот плејмејкер на Лејкерс Стив Неш го напушти паркетот во почетокот на третата четвртина поради повреда на левото колено, и не се врати во игра.

Сан Антонио новата сезона ја стартуваше со тесна победа на Њу Орлеанс Хорнетси со 99-95. Тони Паркер даде 23 поени вклучувајќи го и победничкиот шут за 3 поени на 46 секудни до крајот. Тим Данкан имаше дабл-дабл учинок со 24 поени и 11 скокови, додека кај поразените Хорнетси најдобар беше Ентони Дејвис со 21 поени и 7 скока.

Јута во Солт Лејк Сити го декласира Далас со 113-94 предводена од Марвин и Мум Вилијамс кој двајцата постигнаа по 21 поен. Пол Милсап даде 13 поени со 15 скока, додека Ренди Фој додаде 13 поени. Најефикасен кај Далас беше Дарен Колисон со 17 поени.

Победнички старт имаа и ЛА Клиперси кој во Стејплс Центарот го совладаа тимот на Мемфис со 101-92. Носител беше Џамал Крофорд кој даде 29 поени. Вкупно клупата на Клиперс постигна 49 поении. Кај Гризлиси најеикасен беше Руди Геј со 25 поени.

ТОП 10 :


Денешни Резултати :

Торонто Рапторс 88-90 Индијана Пејсерс
Филаделфија Севенти Сиксерс 84-75 Денвер Нагетс
Детроит Пистонс 96-105 Хјустон Рокетс
Чикаго Булс 93-87 Сакраменто Кингс
Њу Орленас Хорнетс 95-99 Сан Антонио Спарс
Јута Џез 113-94 Далас Маверикс
Феникс Санс 85-87 Голден Стејт Вориорс
Лос Анџелес Клиперс 101-92 Мемфис Гризлис
Портланд Траил Блејзерс 116-106 Лос Анџелес Клиперс

0 comments:

Post a Comment