Home » , » Кога Лејкерси ќе победат некого ?

Кога Лејкерси ќе победат некого ?

Written By Anonymous on 2.11.12 | 18:23


howard-bryant-nash-lakers
Стив Неш, Ентоан Џејмисон и Двајт Хауард. На овие тројца додајте им просечен шутер и крило и имате екипа за плејофот. Доведете ги Коби Брајант и Пау Гасол и имате тим од соништата, на кој само небото му е граница. Нели е така ?

По принципот на големата тројка од Мајами не можете да направите дрим тим, а критичарите да не најдата некоја маана, но всушност тоа им е работа. Можат ли Двајт и Пау да функционираат заедно, колку ќе е топката во рацете на Стив Неш и кој ќе ја контролира топката пред толку големи ѕвезди, колку Коби ќе биде спремен за победа, колкава и која ќе биде улогата на Мета Ворлд Пис и каков ќе биде учинокот на клупата ? Сиве овие прашања се наметнаа, но сите се прашуваа кој ќе ги запре ?

Предсезоната заврши, а Лејкерси забележаа 8 порази од исто толку настапи. Се појавија критиките, но ништо страшно сепак тоа беше како влез на новата сезона. Двајт беше спремен за почетокот, но сепак Коби не е тој истиот. Поразите беа заборавени и сезоната почна. Лејкерси на испит против Далас. Огромно изненадување. Противникот кој доби улога на губитник во преводниот рок, имаше големи промени, а играше без Дирк и Кејмен. Најдоброто центарско дуо во лигата она на Лејкерс не можеше да победи дури ни кога во тимот од Тексас не играат Дирк и Кејмен. Лејкерси се поразени, а лесноста на Мавси беше клучна, изиграа импресивно. Далас една ноќ подоцна е пореметен од Џејзерите, па на некој начин добивме одговор дали Лејкерси се лоши или Далас добри ? Без клучен играч во тимот на Мавс, и со еден од најдобрите играчи во лигата исто така и центари Лејкерси загубија. Еден ден подоцна Лејкерси повторно потонуваат овој пат од Блејзерси и Демиен Лилард. Лејкерси во тој натпревар се што добија е повредата на Стив Неш.

Рекорд од 0-2 во сезона со 82 натпревари и не е така застрашувачки, но играта на Лејкерси секако дека е. Мајк Браун е познат како одличен одбрамбен стратег, а тоа што Лејкерси го покажаа во овие два дуели е далеку од одбрана. Клупата како да не постои, губат многу топки, а противниците лесно поентираат. Мораат ли Лејкерси да одат по примерот на Мајами, прво да го допрат дното, па после или веќе во оваа година да тргнат во доминација ? Едно од прашањата е дали Лејкерси и управата доколку не успее тоа со Хауард ќе го задржат ли ? Ќе мораат ли да плаќаат толку голем порез, а да не има успеси ? Можат ли Лејкерс да победат некого ? Тоа е веше друго прашање, вечерва играат против Клиперс, кој многу добро изиграа против Мемфис, а ова ќе биде навистина добар натпревар, а доколку не успеат да слават, следниот противник е Детроит, кој едноставно мораат да го победат.

0 comments:

Post a Comment