
Вториот натпревар кој требаше да се одигра изминатата ноќ е градското дерби помеѓу Бруклин и Њу Јорк, но е одложено поради ураганот кој го погоди источниот брег на САД и нанесе големи штети.
Одлучувачките поени во дуелот помеѓу Сан Антонио и Оклахома ги постигна Тони Паркер. Францускиот плејмејкер прво погоди шут за три поени на 28 секудни пред крајот и изедначи на 84-84, а потоа со кошот во последната секунда му донесе победа на својот тим.
Паркер постигна вкупно 14 поени и имаше 11 асистенции. Најефикасен кај Спарси беше Тим Данкан со 20 поени. Оклахома беше предовдена од Кевин Дурант со 23 поени, 14 скока и 5 асистенции.
Расел Вестбрук имаше 18 поени, 8 скока и 5 асистенции, а Кевин Мартин 15 поени со 5 асистенции.
Оваа беше втора победа на Сан Антонио во два меча, додека Оклахома во единствениот натпревар загуби, токму на овој.
0 comments:
Post a Comment