Home » , » Сан Антонио и Оклахома во реприза од минатогодишните финалиња на западот

Сан Антонио и Оклахома во реприза од минатогодишните финалиња на западот

Written By Unknown on 1.11.12 | 21:11

Вечерва НБА лигата ќе биде одбележана со само еден натпревар помеѓу Сан Антонио Спарс и Оклахома Сити Тандер, откако вториот дуел на вечерта помеѓу Никс и Нетс беше откажан поради ураганот Сенди во Њу Јорк.


Сан Антонио Спарс 02:30 Оклахома Сити Тандер

Овој натпревар на вечерта ќе не потсети на ланските финалиња во западната конференција, каде што Оклахома се врати од негатива 0-2 и ги освои сериите со 4-2. 
И двата тима ја отвараат својата сезона вечерва, однсоно го играат првиот натпревар од новата 2012/13 НБА сезона. 
Единствена голема разлика во редовите на Оклахома ќе биде недостасувањето на Џејмс Харден во тимот, кој знаеме дека преку трејд во Хјустон го напушти тимот. Како и да е, Кевин Мартин треба максимално да ја пополни дупката што ја остави Харден во Тандер, па можеби и со стартна позиција да биде дури и подобар од него.
Оклахома отвара ушт една сезона од која што очекуваат многу, па да не биде преоптимистички сите фанови на овој тим очекуваат и барем пласман до големите Финалиња.
Додека пак ветерените од Сан Антонио ја добиваат можеби последната шанса со ваков ростер да направат нешто посериозно, па зошто и да не стгинат уште еднаш до финалињата на западот. 

Покрај се, очекува интересен натпревар во Оклахома Сити, натпревар кој ќе значи почеток на уште една максимално - конкурента година во западната конференција. Очекуваме најдобар епилог од овој натпревар.

0 comments:

Post a Comment