Home » , » (Не)Пријатни изненадувања во досегашниот дел од сезоната - плејмејкери

(Не)Пријатни изненадувања во досегашниот дел од сезоната - плејмејкери

Written By Anonymous on 29.11.12 | 20:58


Иако сеуште се наоѓаме на самиот почеток на сезоната помина доволно време за првите впецатоци за настапите на играчите. 

Како се снајдоа во новите екипи, кој подобрил некој сегмент од својата игра, кој ментално и физички поподготвен влезе во сезоната?
Ќе се позанимаваме со оние од кои повеќе се очекуваше, со оние со кои не ги оправдуваат новите договори и кои во скоро време би можеле да испаднат од тимот. Денеска започнуваме со плејмејкерите затоа што полека но сигурно НБА лигата станува лига на плејмејкери, а во наредните четири дена ќе го објавиме и прегледот на другите позиции.

ПЛЕЈМЕЈКЕРИ

Нема понеизвесна борба во лигата од онаа за најдобар плејмејкер. Ражон Рондо е крал на асистенциите и играч од кој зависи играта на Бостон, Крис Пол е прав лидер на теренот, тој е присутен во сите сегменти на играта, Расел Везбрук иако постојано критикуван тој е атлетчко чудо со респектабилен шут, Дерон Вилијамс, Тони Паркер... Тие се веќе ѕвезди и тешко дека можат да изненадат, затоа да се позанимаваме со оние кои би сакале да се најдат во оваа друштво.

Кајри Ирвинг (Кливленд Кавалирс)

По освојувањето на наградата Руки на годината, Кајри продолжи со очекуваниот напредок и нема сомневање дека младата надеж на Кавалирс наскоро ќе се најде меѓу веќе споменатото друштво, ако и веќе не припаѓа таму. Ги предводи сите плејмејкери по бројот на постигнати поени, леснотијата со која доаѓа до кошот воодушевува, а има само 20 години. Иднината на Кливленд со овој играч делува ветувачки. Единственото лошо е тоа што тој моментално е повреден и ќе отсуствува уште најмалку три недели.

Дејмиан Лилард (Портланд Трил Блејзерс)

Дејмиан Лилард е предводник на сите новајлии во досегашниот дел од сезоната. Го контролира нападот на Блејзерс, како оваа да му е десетата сезона во лигата. Феноменален шутер, го оправдува огромното поверение кое тренерот на Портланд му го доверува и воодушевува со своите настапи. Ако го заобиколат повредите, тој би можел да оствари завидна кариера.

Џру Холидеј (Филаделфија СевентиСиксерс)

Најдобар стрелец и асистент во екипата, кој во отсуство на Бајнам стана најважната алка и клуч на успехот на екипата. По начинот на кој пробива и го завршува нападот многу потсетува на Тони Паркер. Младиот плејмејкер сугурно ќе добие максимален договор за наредната сезона, а моментално се наоѓа на десетото место во MVP трката. Најголема мана му се изгубените топки, тоа е статистичкиот податок во кој тој е предводник.

Рејмонд Фелтон (Њу Јорк Никс)

Рејмонд Фелтон уживаше играјќи за Никси, па не не зачудува тоа што отворено го изнесе своето незадовоство по трејдот .Минатата сезона имаше очигледни проблеми со физичката спремност и ретко кој веруваше дека тој може да се врати во старата форма. Никси му пружија нова шанса и не погрешија. Фелтон е втора напаѓачка опција на Никси, физички делува подготвен како никогаш до сега, има добар процент на шут од поле и го предводи тимот во асистенции. Самодовербата му е на виско ниво, а навивачите на Никси повторно уживаат во настапите на овој играч.

Кајл Лаури (Торонто Репторс)

Најдобриот скокач меѓу плејмејкерите, играч ко со својата енергија и жестокиот пристап ја подгинува екипата. Присутен е во сите сегменти на игра, не се плаши да влезе во контакт со друг играч и во секој натпревар го дава својот максимум. Ја бележи најдобрата статистика во кариерата и неговото доведување беше одличен потег на управата на Репторс. На нивна жалост има и некои играчи кои сезоната не ја започнаа на баш идеално ниво. Сепак ова е само старт на сезоната има многу време играчите да се вратат во правилен колосек, така нема премногу да ги анализираме, бидејќи со игрите што ги покажуваат не го заслужуваат тоа внимание.

Џереми Лин (Хјустон Рокетс)

Ги покажува неможностите на својата игра. Тој е многу спор за повеќето плејмејкери, шутот и самодовербата ги снема, Харден ја превзема контролата во нападот, а на сето тоа Лин би можел да се најде меѓу стартерите на Ол-Стар натпреварот, што покажува недостаток во составот за одбирање на играчи.

Кирк Хајнрих (Чикаго Булс)

Доби можност да го води нападот на Булси до враќањето на Дерик Роуз. Очајнички процент на шут и слаба контрола на нападот доведе до ситуација да Нејт Робинсон да поминува поголем дел од времето на терен иако го излудува Том Тибодо.

Родни Стаки (Детроит Пистонс)

Во текот на целата негова кариера во Детроит добиваше големо поверение од челниците на екипата. Моментално ја игра најлошата сезона во кариерата. Испадна од стартната петорка, зема очајни шутеви и еден е од главните виновници за лошите резултати на Пистонси.

0 comments:

Post a Comment