Home » , » Дерби помеѓу Спарси и Хит, Нагетси гостуваат кај Голден Стејт

Дерби помеѓу Спарси и Хит, Нагетси гостуваат кај Голден Стејт

Written By Anonymous on 29.11.12 | 21:20


james-wade-bosh
Вечерва пред нас се два двобои од НБА лигата, а секако дека ќе бидат интересни и атрактивни. Прв натпревар е натпреварот помеѓу Мајами и Сан Антонио, двете екипи кој се при самиот врв на лигата, а потоа и Вориорс и Нагетс екипи кој играат напаѓачка и атрактивна кошарка.

Мајами Хит 02:00 Сан Антонио Спарс

Првиот натпревар на вечерашната програма се игра во Флорида, во Американ Еарлајнс Арената, каде домаќините ги пречекуваат Спарси. Мајами во средбата влегува како тим со најдобар скор во Истокот со четири врзани победи. Во последните два натпревари не изгледаа многу моќно и уверливо. Прво се мачеја со Бкаси, кој ги победија дури по продолжение, иако во еден момент имаа и +16, а последниот натпревар го играа против лошите Кави кој ги победија, исто така во тежок натпревар. Клучен човек повторно беше Реј Ален кој на 18 секунди пред крајот даде тројка за 109-108, а потоа и даде едно слободно фрлање за конечни 110-108. Стандардно добри беа ЛеБрон Џејмс со 30 поени, 6 скока и 5 асистенции, а го пратеја Бош со 23 поени и Вејд со 18. Спарси вчера ја запишаа 5тата победа по ред во гости, славејќи над Орландо со 110-89. Најдобар беше Ману Џинобили со 20 поени 5 асистенции и Гери Нил со 19 поени. Гери Нил и Џинобили играа од клупата. Ѕвездите, Тим Данкан и Тони Паркер играа поопуштено, Данкан имаше 15, а Паркер 14 поени.

Голден Стејт Вориорс 04.30 Денвер Нагетс 
Втор вечерашен, а и овосезонски двобој играат Голден Стејт и Денвер. Во првиот двобој пред 6 дена подобри беа Нагетси со 102-91. Нагетси до победа стигнаа предводени од Андре Игуадала со 29 поени и Тај Лоусон со 18 поени и 9 асистенции. Италјанецот Данило Галинари запиша 20 поени и 7 скока. Најдобар кај Вориорс беше Дејвид Ли со 21 поен и 10 скока. Голден Стејт во двобојот влегува по добрата игра против Минесота во минатиот натпревар во кој клучна беше 4/4 од натпреварот каде “воините“ ја добија со 26-11. Вориорс имаа пет играчи со +10 поени. Нагетси во минатиот натпревар доживеаа пораз од Јута Џез, и така ја прекинаа серијата од 4 победи во низа. На почетокот на сезоната не играа онака како што се очекуваше од нив, но по три уводни порази работите почнаа да одат на свое место, па Нагетси почнаа да победуваат и да покажуваат колку опасна екипа се.



0 comments:

Post a Comment