Home » , » Најдобрата вечер во животот на Реџи Милер

Најдобрата вечер во животот на Реџи Милер

Written By Anonymous on 29.11.12 | 19:24

Реџи Милер во богатата НБА историја влезе како еден од најдобрите шутери на сите времиња, играч кој е втор најдобар тројкаш зад Реј Ален, а во историјата на Индијана направи најмногу што можеше, повеќе од секој друг играч.

Еден од ретките НБА великани кој никогаш не го промениле клубот, во Индијана помина неверојатни 18 сезони, а плејоф играл 15 пати. Гладијаторските борби со Њу Јорк Никси, Чикаго Булси, Лос Анџелес Лејкерси не треба многу да се спомнат, само треба да се нагласи дека кон сите тие борби, Реџи беше главен играч, лидер и капитен. Само Бог знае колку “клач“ шутови погодил и колку години од животот им одзел на навивачите на Њу Јорк кон средината и крајот на 90’ години, да не зборуваме за Спајк Ли. Поради сите овие достигнувања Реџи беше примен во куќата на славинте, а неговото место во Спрингфилд е заслужено. За место во кошаркарскиот рај сигурно му помогна веројатно и представата против Шарлот Хорнетси која се случи пред некои 20тина години.

Пејсерси на почетокот на сезоната 1992/93 беа млад и недокажан тим кој се уште се бореше за место во врвот на Истокот. Со заминувањето на Чар Персон, кој работеше само една сезона пред Милер да биде убиствен шутер. Индијана остана без убиствен поентер, и шутер, но и со можен проблем во соблекувалната. Со овој исход во соблекувалната имаше можен проблем. Цел товар падна на грбот на Реџи, кој имаше поддршка од Детфл Шкремф и Рики Стемс. По 11 натпревари во новата сезона, Пејсерси беа на 5 победи и 6 порази, а следниот натпревар беше во Шарлот, уште една плејоф екипа која беше предводена од Алонзо Морнинг и Лери Џонсон, но и од лудата публика.

Кога на самиот почеток бекот на Хорнетси Дејвид Винтеџ го блокираше шутот на Милер од периметарот, никој не очекуваше каква експлозија ќе се случи за само 10 минути покасно. Реџи во првата четвртина даде само 7 поени, додека остатокот од тимот ја разбиваше одбраната на Хорнетси. Кога речи се врати на паркетот кон средината на другата четвртина, после заслужениот одмор, тргна шутерската клиника.

Во текот на 2/4 и 3/4, во нешто повеќе од 15 минути на паркетот, Милер даде 43 поени ! Во шест минути даде 20, додека во 3/4 даде 23 поени. До крајот на натпреварот Реџи имаше 57 поени, со шут од игра 16/29, и слободни фрлања 21/23. Треба да се напомене дека бекот на Пејсерси имаше и 8 асистенции, а ниту една загубена топка. Со оваа претстава Реџи го сруши клупскиот рекорд по поени кои стои и ден денес, а најблиску беше центарот Џермејн О’Нил со 55 поени. Пејсерси на крај славеја со 134-122.

0 comments:

Post a Comment