Home » , » Двајт Хауард :“Ќе шутирам како што сакам“

Двајт Хауард :“Ќе шутирам како што сакам“

Written By Anonymous on 11.12.12 | 20:10


Еден од најдоминантните центари на денешницата и кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард (27) се наоѓа на мета на навивачите и јавноста поради катастрофалниот начин на кој ги изведува слободните фрлања. На Хауард, се чини, му дојде преку глава и одлучи да им стави точка на приказните околу неговиот шут од линијата за слободни фрлања.

Лејкерси оваа сезона се на работ на очајот, од ноќ во ноќ имаат се полоши резултати, а дел од одговорноста ја носи и Двајт Хауард поради сите силни “цигли“ кои ги фрли од линијата за слободни фрлања. Многу навивачи веруваат дека ако Хауард шутира слободни фрлања преку 47%, Лејкерси би имале и подобар резултат од сегашниот 9-12.

Дури и неговиот соиграч, искусниот Стив Неш, пред натпреварот со Оклахома му пријде додека вежбаше слободни шутови, а многу луѓе на тоа гледаа како потреба на Двајт за малку совет околу слободните фрлања. Меѓутоа, “Супермен“ го изгуби трпението за сите критики на неговата сметка:

“Неш пријде за да ми каже неколку зборови, да ми укаже на некои работи. Не е тоа нешто за што разговараме секојдневно или за што секогаш некој сугерира, едноставно не можам да прифатам секој да ми зборува како да ги изведувам слободните фрлања. Треба само да застанам и да фрлам на мој начин. Не смеам веќе да ги слушам другите, затоа што и тогаш промашувам“, рече Хауард.

“Мислам дека се зависи од тоа како си кошаркарски образован и како гледаш на играта од почетокот на кариерата. Тоа е едно од клучното значење на развојот на играчот, без обзир во кое училиште се стекнуваш со вештина и знаење. Мислам дека Хауард од почетокот го учеле да игра во рекетот, на сила, и така целата кариера. Дури и кога имаше 12 години од него барале сите акции да ги завршува со забивање и качување на обрачот. Не го терале да шутира затоа што бил поголем и посилен од останатите. И како последица од тоа Хауард има проблем со шутот.“, рече Брајант.

0 comments:

Post a Comment