
Баркли, кој сега работи како стручен консултант на телевизијата ТНТ, изјави дека Вејд остари и дека не игра напад како порано.
Бившиот играч на Феникс и Филаделфија додаде дека Мајами нема да освои ниту една титула доколку Вејд продолжи да игра вака.
“Вејд е готов, неговите најдобри денови се минато. Не го напаѓа кошот, не оди на влез, од него нема веќе ништо. Мајами со ваква игра нема да освои уште една титула.“ - рече Чак.
На два натпревари кој ги пренесуваше телевизијата ТНТ Вејд имаше просечно 16 поени со комбинириан шут од игра 10-30.
А потоа ЛеБрон Џејмс врати :
“Чарлс Баркли би требало да замолчи. Двејн Вејд игра одлично во последно време, ќе биде уште подобар. Баркли би можел да ја затвори таа негова уста бидејќи евидентно нема нешто паметно да каже. Кога некој шутира 80% во последните два натпревари, не можете да кажете дека е лош“ - смета Џејмс и додава :
“Барем за промена мило ми е што престанаа да ме коментираат мене.“
Потоа со изјава излезе и Двејн Вејд кој вели :
“Не знам кој е тој Баркли. Од каде излезе тој човек ? Дали тој игра кошарка ? Мене ми се чини дека е дел од минатото, па е глупаво да зборувам за него.“


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment