
Ирвинг повредата на прстот ја здоби пред 20 дена и тогаш процените беа дека ќе паузира околу месец дена. Вчера без проблеми обработи цел тренинг со тимот и се очекува вечера ва биде во истиот за натпреварот со Лејкерс.
Во 11 пропуштени натпревари на Ирвинг, Кавси запишаа само 2 победи, а ги имаат вкупно 4 сезонава во 21 натпревар. Со враќањето на Ирвинг ќе се подобри напаѓачката игра, но Кливленд ќе остане на дното на Истокот и веројатно таму ќе се задржи целата сезона.
Во текот на 10 натпревари кој ги изигра оваа сезона, Ирвинг имаше 22.9 поени, 5.6 асистенции и 3.7 скока по натпревар.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment