Home » , » Милвоки сака да го трејдува Џенингс за Еванс?

Милвоки сака да го трејдува Џенингс за Еванс?

Written By Anonymous on 18.12.12 | 19:40


Според информациите кои доаѓаат од НБА Лигата, Милвоки Бакс би можеле да го прекинат договорот со плејмејкерот Брендон Џенингс и да го трејдуваат. Во овој момент најреално изгледа трејдот Милвоки - Сакраменто, а "Кралевите" за плејот на "Елените" би го дале својот бек Тајрик Еванс.

Бакс не се задоволни од играта на Брендон кој е доста талентиран кошаркар. Сезонава Џенингс просечно постигнува по 16.9 поени, 6 асистенции и 3.4 скокови по наптревар, но тоа е слаб учинок за очекувањата што ги бараат од него.

Неколку НБА тимови се распрашуваат за да го доведат во својот тим. Како стојат работите, најблиски се Сакраменто Кингс. Сакраменто исто така оваа година очекуваа повеќе од Тајрик Еванс, кој оваа година постигнува по 15.9 поени и 5 скокови по наптревар.

0 comments:

Post a Comment