Home » , » Андерсон Варежо - најбараниот играч во НБА лигата

Андерсон Варежо - најбараниот играч во НБА лигата

Written By Anonymous on 18.12.12 | 19:55


Продуктивни високи играчи е тешко да се најдат овие денови во НБА лигата. Еден од тие ретки примери е и Варежо. 30 - годишниот Бразилец кој оваа сезона бележи рекордни бројки - 13.8 поени, 14.6 скока и 3.3 асистенции. Тој е рекорден скокач на лигата, одличен дефанзивец, и не е ни чудно тоа што многу тимови се интересираат за него. 

Човекот кој во првите години во лигата беше на мета подсмев поради фризурата од стилот на “Помошникот Боб“ од Симсонови, сега стана еден од најбараните игрчаи во лигата. Интерес покажаа Оклахома, Чикаго, Њу Јорк, Голден Стејт, но официјални понуди сеуште немаше.

“Ако се случи трејд, што да правам јас. Не можам да одам против тоа, сето тоа е дел од НБА лигата. Јас се прашувам најмалку во тој случај“,

искрен е Варежо кој во 2009та година потпиша 6 - годишен договор со Кавси вреден 42 милиони долари.

Варжео е сигурно емотивно врзан за својот тим, својот прв и единствен НБА тим и оваа му е веќе 9та сезона во Охајо. Сепак нема сомнеж дека Бразилецот сака да се натпреварува за титулата, а со овој Кливленд свесен е дека тешко ќе се случи тоа.

0 comments:

Post a Comment