Home » , » Што му значат 30.000 поени на Коби Брајант ?

Што му значат 30.000 поени на Коби Брајант ?

Written By Anonymous on 18.12.12 | 19:25


Остана само историјата. Кога Коби го постигна кошот со кој ја премина "историската" граница од 30.000. Првото што го помисилв е оваа што му значат на Коби 30.000 поени. Елегантен влез и положување покрај немоќниот Робин Лопез, класично за Коби. Две недели потоа сеуште постојат луѓе кои го мразат и сакаат.

Тешко е да се пишува за кариерата на Брајант. Пред се потребно е да се сфатат две работи кои се важни за оваа приказна. Под еден, статистиката не е се, второ статистиката не е ништо. Колку поени Коби постигнал колку прстени тој освоил представуваат факти кои едноставно неможат да се оспорат. Сега на кој начин постигнал толку поени и освоил пет прстени представува работа на индивидуални мислења. Неоспорна е величината на овој кошаркар кој е избран како прв бек на драфтот директно од средното училиште, стана најмлад играч кој заиграл на Ол-старот, но тој исто така изгуби и две НБА финалиња, поради кои во целата негова кариера има репутација на себичен играч кој премногу шутира и за кој Фил Џексон изјави дека невозмошно е да се тренира со него.

Онаа што никој неможе да му го оспори е фактот дека Коби е еден од најдобрите стрелци на сите времиња. Кога велам еден од најдобрите мислам дека е во топ десетте. Меѓутоа проблемот кај ваквите споредби се различните времиња во кои тие играа.Секое време со себе донесува одредени предности но и маани. На пример играчите како Џери Вест и Оскар Робертсон во своето време немаа линија за три поени, а денеска пак личните грешки се судат многу полесно отколку порано, на друга страна пак има играчи кои никогаш не играле против зонските одбрани и немало толку помагање од страна на целата одбрамбена линија, дефанзивните формации биле многу поедноставни отколку денес.

Коби сеуште не го кажал својот последен збор и сеуште не е испишано последното поглавје од неговата историја .Некако имам впечаток дека неговото место во историјата ќе се знае по поминување на одредено време откако Коби ќе ја заврши својата кариера.

Она што треба да се каже е дека Коби никогаше не сакаше да биде еден од најголемите, тој секогаш сакаше да биде најголем. Сите оние летни часови поминати во салата, усовршувањето на играта до бескрајност,с е за една цел, да биде најдобар. Имаше голема среќа и низ целата негова кариера никогаш немаше сериозна повреда. Го прескокна универзитетот си осигура четири години подолга кариера, имаше среќа да биде соиграч со едни од најдобрите вискои играчи на сите времиња.

Коби треба да се цени поради тоа што е денес, поради онаа што треба да што го постигнал и поради сите незаборавни моменти кои тој ни ги приреди. Во моите очи неговата најголема вредност е неговата страст и застрашувачкиот перфекционизам. Тие особини ги туркаат талентираните атлети да станат легенди. Тоа се работите кои ги разликуваат победниците од другите.

Мајкл Џордан: “Гледам многу сличности кога го гледам Коби, без сомнежи.“

Коби и Мајкл се еднакви. Еднакви се на начниот бидејки имаат ист психотички жар, желба и работна етика. Како да не постои ништо друго освен победа, како се друго да е помалку важно. За бројките и талентот соиграчите и сето останато може да се расправа до недоглед. Дали Коби е најголемиот “езерџија“ на сите времиња дали е еден од петте најголеми играчи на сите времиња, дали е поголем од Џордан?

Коби Брајант: “Јас играм поради својата љубов спрема играта и сакам да победувам. Тоа е најважно. Во повеќето случаи кога луѓето чуствуваат притисок се грижат за онаа што другите ќе го кажат за нив, јас го немам тој страв и тоа ми овозможува да ги заборавам лошите потези и понатаму да ја играм својата игра.“

Еден натпревар најдобро ја отсликува кариера на човекот наречен "Црна Мамба". Лејкерс на 21 март 2012, кога играа протв Хорнетси кои во Л.А допатуваа без најдобрите. Тоа требаше да биде лесна победа за Лејкерс, натпревар кој Гасол и Бајнам требаше да издоминираат во рекетот бидејки немаше кој да ги чува. Коби натпреварот го отвори со 0/15 шут од поле. Во четвртата четвртина Хорнетси имаа минимално водство на пола минут до крајот на натпреварот, топката во рацете на Коби лесно погодена тројка преку човек и победа за Лејкерс. Треба да бидеш доволно егоцентричен и полн со самоповерение целиот натпревар да имаш 0/7 за три поени и да го земеш последниост шут а притоа имаш -2 и 9 секунди до крајот на натпреварот. Тоа е Коби Брајант, голем играч шампион, сигурен Хал оф Фејмер. Се останато е работа на вкусот.

0 comments:

Post a Comment