Седејќи го центарлниот дел на Фелт Форум и во салата Медисон Сквер
Гарден, во срцето на Њу Јорк, на 18 јуни 1986 година Лен Биас (22) беше облечен
во комплетно бело одело...
Играч висок 203 цантиметри, студент на универзитетот Мериленд, се
спремаше да биде избран како 2 пик на драфтот од страна на Бостон Селтикс. Само
недела дена покасно, Селтикси ја освоија шампионската титула. Тоа беше сјајна
генерација предводена од Лери Брд, Кевин МекКејл, Роберт Периш, Денис Џонсон и
Дени Ејнџ. И сите тие чекаа сјајниот талент да им се придружи на нивната
империја.
“Дали се спремаш за Бостон, дали Селтикси ќе ја земат ?“ - прашан
беше Бијас, тогашно момче и играч на универзитетот во Северна Каролина. Само
момент потоа Крис Вошбурн додаде :
“Добро спреми се, пошто ти се следен, сигурно те зема Бостон.“
По тоа комисерот на НБА лигата Дејвид Штерн му пријде на
микрофонот со лист во раката и ја изговори неговата позната реченица која ја
повторува во текот на секој драфт, во кој само единствено го менува името на
играчот.
“Како втор пик екипата на Бостон Селтикс го бира Лен Бијас од
универзитетот Мариленд“, - рече Штерн.
И тоа баш како што рече Вошбрун, младиот Лен Бијас најдбриот играч на универзитетската лига кој просчено имаше по 23 поени и 7 скока беше избран. Оди задоволен кон бината. Тоа беше чекор на задоволен млад човек полн со самодоверба. Сепак, знаеше добро дека ќе биде одбран од Селтикси. Целата НБА лига знаеше. Во текот на летото стана многу близок со Ред Оербах кој повторно беше пријател со тренерот на Бијас, Лефти Дрисли.
Одбирањето го кажува и податокот дека Бијас цело лето тренираше со кошаркарите на Селтикси во нивниот тренинг камп. Беше присутен и на почетокот на финалната серија, и во 1986 кога Селтикси го прегазија Хјустон. Седеше точно зад клупата на Селтикси. Го гледаше Брд, МеКејл како останува да ги гледа. Дури и како што се зборува денес во еден момент станал и му пришол на ГМ на Бостон Јан Волк и му рекол “Ве молам, драфтувајте ме !“.
И баш поради тоа на 18 јуни неговиот сон стана реалност. Младиот кошаркар одеше по облави. Сепак, после се не беше мала работа да те драфтуваат шампионите, генерацијата која се јадеше во Лејкерси во 80тите години. Да, тоа не беше мала работа. Претседателот Оербах, првата ѕвезда на тимот Брд, генералниот менаџер, сите во таборот на Селтикси знаеја дека добиваат многу со изборот на Лен Бијас. Изборот на тој играч им даваше на навивачите победнички дух во Бостон да продолжат да живеат по Лери Брд, Периш и Мекејл...
Оптимизмот се ширеше во Бостон кога Лен беше одведен во клупската јакна, со капа во зелена боја во Бостон. Воудешевениот претседател на Бостон даваше интервјуја дека со тоа добиваа играч со неверојатни скокачки способности и мека рака на шутер. Улогата на 6ти играч му беше загарантирана во тимот. Бијас требаше да стане џокер на Селтикси, а потоа и прва ѕвезда. На излезот на најпознатата спортска хала на светот го застана едно дете кое му побара автограм и му рече :
“Знаеш, тоа што ти дојде во Бостон нема да ви помогне. И натаму ќе губите во Медисон од Никс.“, а потоа Бијас рече :“Е тоа тек ке го видиме.“ - рече Бијас и влезе во таксито спремен да тргне кон аеродромот за да тргне на пат кон Бостон за да се најде со челниците на клубот и да потпише договор вреден 1.6 милиони долари. Подоцна тој ден Бијас беше уморен од се. Околу 10 часот вечерта беше во Вашингтон во топлото домашно гнездо. Среќата сакаше да ја сподели со своите најблиски пријатели. Ѓаволот не му даваше мир да седи дома, околу 11 часот навечер набрзина го напушти станот и отиде да се најде со некои другари од универзитето Мериленд.
Тоа му беа дотогашните клупски другари и соиграчи Џеф Бекстер, Кејт Гатлин, Дејвид Грег, Фил Невин и Тери Лонг - пријател на еден кошаркар од Мериленд. Беше точно полноќ кога Бијас се најде со своите другари. Многу луѓе сакаа да му честитаат. За само 12 часа стана најголема ѕвезда во крајот. На приказната и немаше крај, сите сакаа да дознаат како Бијас ќе ја потроши тие силни милиони, дали ќе ги заборави другарите од факултет и од крајот... Бијас тој притисок не можеше да го издржи и одлучи да тргне понатаму.
Беше лут и исфрустиран, веќе не можеше да ја поднесе приказната за себе, приказната за парите и славата. Му се смачи приказната за Лери Брд, Периш и Бостон. Одеднаш го осети тој притисок. Сакаше да побегне. На еден од другарите им рекол “Еј ајде да одиме одовде“. На прашањето “каде“, само кратко рекол “Било каде“. Одма се случи тоа, исчезнаа со својот Нисам 300ZX во ноќта.
Некаде околу 3 сатот во ноќта, стигнаа во станот на пријателот. Тоа беше станот на Дејвид Дригерс, близок пријател на Бијас, пријател со кој често играше “еден на еден“. Лудата вечер почна. Неколку од наредните сати тие тројца шмркаа “кока“. Меѓутоа околу 6 часот работите се закомплицираа. Возбудениот Бијас претера со својата лажна среќа. Очите му се превртија, ораците испаниција, чудна течно излезе од устата на овој кошаркар.“
“Лен, Лен“, од секаде викаа неговите пријатели. Брзата помош беше на пат. Како што обично ги нема лекарите кога се најпотребни можеа да стигнат дури во 7 часот наутро. Минутите се претворија во саати, а толку време немаше. Нозете и рацете на младиот кошаркар почнаа да се тресат. Го губеше животот. Лекарите пробаа преку телефон да им објаснат на пријателите како да се спаси живот. А тие само викаа :
“Побрзајте, доаѓајте ваму брзо ! Тој умира, умира ! Цел се тресе, побрзајте ве молам, па тоа е Лен Бијас морате да го спасите“, - викаа испаничаните другари. Некаде околу 6.36 наутро Бијас колабрираше во столот. Другарите се трудеја, се обидуваа да го направат и тоа што знаат и тоа што незнаат, сакаа да му го оживеат срцето кое престана да чука. Најблиската болница беше на неколку километри од станот. Другарите не можеа да чекаат, тргна кон болницата. Време повеќе немаше.
Еден од другарите и се јави на мајката на Лен да и каже што се случи. Шокираната жена ја спуштила слушалката и паднала на подот. Лекарите пробаа се што можеа. Лекарот објасни :
“Го направивме тоа што можевме. Му пукна главната артерија. Ни беа врзани рацете“.
Од тој момент, Бостон остана во чудо. Многу беа тажни. Приказната за “златното момче кое никогаш не засвети“ стана мит. Мит за Бијас. Мит кој ќе се зборува многу години...
0 comments:
Post a Comment