
Иако тимот на Мајами Хит игра солидно и има одличен учинок во сезоната до сега со 16 победи од 22 натпревар и не се ретки кој веруваат дека избраниците на Сполстра можат повеќе. Таквото мислење го имаат крилните играчи на тимот Крис Бош и ЛеБрон Џејмс.
“Не сме лоши моментално, но сум сигурен дека можеме подобро. Мораме да играме подобро и да го фатиме ритамот кој го имавме минатата година.“,
вели Крис Бош кој просечно има 18 поени и 7.9 скокови. А потоа и додава:
“Сега ни преостануваат новогодишните празници, мораме малку да собереме енергија и потоа да се вратиме во акција. Се додека победуваме и додека играме на ниво за плејоф, јас ќе бидам задоволен“,
вели крилниот центар на Мајами кој оваа сезона често игра и на позицијата како центар. Од другата страна “Кралот“ Џејмс кој оваа сезона работи напорно, а на натпревари доаѓа со точак, уверен е дека има многу простор за напредог во тимот од “Саут Бич“.
“Мислам дека се што правиме во одбраната ни носи добри резултати. Меѓутоа, мораме повеќе да комуницираме, да продолжиме да се бориме за скокови, а во нападот мораме да ги смалиме изгубените топки и да бараме прилика за чисти отворени шутеви.“,
смета ЛеБрон Џејмс кој оваа сезона игра на висина на задачата и просечно бележи 25.2 поени, 8.5 скока и 6.9 асистенци.
“Моментално играме добро и правиме добри работи на теренот, но уверен сум дека секојдневно можеме да напредуваме. Сигурно постои простор за такво нешто“,
смета Џејмс.
0 comments:
Post a Comment