Стив Неш, плејмејкерот на ЛА Лејкерс има уште најмалку 2 недели од процесот на рехабилитација, што треба да го заврши пред да се врати во редовите на својот тим кој се мачи за да победи.
Мајк Д'Антони шпекулираше дека има можност Стив Неш да се врати во текот на серијата од гостински натпревари на Лејкерс, но Неш за „USA Sports Today“ изјави дека тоа нема да се случи.
“Ова е долг процес, кој што ќе ми одземе уште барем 2 недели од оваа сезона. Јас можам да се движам, можам да трчам со цела брзина, можам да шутирам, но сеуште не сум во посакуваната форма за играње. Ќе ми треба уште некоја недела со тренинзи за да ја вратам формата. “ - изјави Неш.
Неш успешно се излечи од првата повреда - скршената нога, но иритација на нервот во коленото кое му беше повредено го одложи неговото враќање.
Фактот што Стив Неш е запознаен со шемите на Мајк Д'Антони е голема предност, бидејќи Неш нема да има проблеми со вклопување во новиот систем веднаш што ќе се врати од повредата. Но сепак, на Неш ќе му треба некое време за да се врати во посакуваната играчка форма, бидејќи неговото присуство во редовите на Лејкерс е неопходно.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment