Home » , » Плејмејкерска битка во Бостон, Бакс ги пречекуваат Никс во Милвоки

Плејмејкерска битка во Бостон, Бакс ги пречекуваат Никс во Милвоки

Written By Unknown on 28.11.12 | 21:16

Вечерва програмата ни нуди 11 НБА натпревари, вклучувајќи го дуелот помеѓу Бруклин Нетс и Бостон Селтикс, каде што очи-во-очи силите ќе ги измерат Ражон Рондо и Дерон Вилијамс.


Бостон Селтикс 01:30 Бруклин Нетс

Можеби е ран дел од сезоната, но ова е веќе вториот дуел помеѓу овие две екипи сезонава. Да потсетиме дека во првот дуел во Бруклин славеа Нетси со 102-97. Овојпат предноста од домашен терен ја има Бостон, па да видиме каква ќе биде оваа пресметика со менувањето на паркети.
Бостон Селтикс конечно почнаа да ја играат својата најдобра кошарка и забележаа 2 победи по ред, против Оклахома на домашен и против Орландо на гостински терен. Сепак, шесте порази пред тоа не им дозволуваат на Селтикс да се истакнат на врвот на источната конференција, но прерано е да се гледа на табелата и да се заклучува според тоа. Кога сме кај табелата, Бруклин Нетс стартуваа токму според очекувањата и моментално се наоѓаат на втората позиција во источната конференција, со идентичен рекорд како и оној на Њу Јорк Никс, 9-4. Нетси имаат 3 победи по ред, а оваа победничка серија конечно ги исполни очекувањата за Нетси оваа сезона. Нетси вечерва играат на гости, а токму тоа е проблемот за нив оваа сезона. Тие имаат само 2 победи и дури 3 порази кога играат на туѓ паркет. Ситуацијата би требало да ја олесни и фактот што Селтикси се лоши на домашен терен и имаат 3 порази при 4 победи. 
Овој натпревар вечерва ќе биде одбележан и поради битката на два од најдобрите плејмејкери што лигата ги има на располагање, односно помеѓу Дерон Вилијамс и Ражон Рондо. И двајцата играат на високо ниво и ги исполнуваат желбите на своите тренери. Ражон Рондо има и 37 натпревари позади себе со 10+ асистенции, серија што руши многу рекорди низ историјата на НБА. Пред Рондо моментално е само најдобриот - Меџик Џонсон, кој во еден дел од сезоната имаше дури 45 натпревари на кои што асистираше 10 или повеќе пати. 


Милвоки Бакс 02:00 Њу Јорк Никс

Вториот интересен натпревар за вечерва се игра во Милвоки, каде што третопласираните Никси им гостуваат на четрвртопласираните Бакси. 
По жешкиот старт на сезоната, Никси значително оладија на последните 5 натпревари, каде што имаат само 2 победи и 3 порази. Изминатиот натпревар за Никси заврши со депримирачки пораз, каде што тие изгубија од градскиот ривал Бруклин Нетс, по едно продолжение. Никс се надеваат на кам-бек натпревар, каде што очекуваат победа во натпревар во кој што всушност се фаворити. Откако го пропушти градското дерби, ветеранот Џејсон Кид ќе го пропушти и овој гостински натпревар за Никси, а  тоа ќе значи дупка на плејмејкерската позција во Њу Јорк. Иако тие се маестрални на домашен терен со рекорд од 5-0, Никси имаа проблеми победувајќи на гостински терен, каде што имаат 4 победи и 4 порази. 
Напоменавме дека Њу Јорк можеби е фаворит во овој натпревар, но тука се секогаш незгодните Милвоки Бакс, кои што ни малку не треба да се потценуваат. Што се однесува до нивните остварувања сезонава, тие ранкираат веднаш под Никси на табелата, т.е. на четвртото место во источната конференција со рекорд од 7-5. Бакси успеаја да го комплетираат кам-бекот од -27 против Булс на минатиот натпревар и на крајот дури да слават на гостински терен со 93-92. Клупата на Милвоки играше голема улога во тој натпревар, додека стартерите беа катастрофални. За победа против Никс, тие повторно ќе мораат да го имаат на целосно располагање својот втор состав, бидејќи длабочината на ростерот на Никси може да ги повреди на многу начини.

Останатите натпревари:
Вашингтон Визардс 01:00 Портланд Треил Блејзерс
Орландо Меџик 01:00 Сан Антонио Спарс
Атланта Хокс 01:30 Шарлот Бобкетс
Детроит Пистонс 01:30 Феникс Санс
Чикаго Булс 02:00 Далас Маверикс
Мемфис Гризлис 02:00 Торонто Репторс
Њу Орлеанс Хорнетс 02:00 Јута Џез
Оклахома Сити Тандер 02:00 Хјустон Рокетс
ЛА Клиперс 04:30 Минесота Тимберволвс

0 comments:

Post a Comment