![](http://uncrate.com/p/2010/07/lebron-james-miami-heat-jersey-xl.jpg)
Официјалната НБА продавница на петтата авенија во Њу Јорк, како и поралот на “NBA Store“, ја “исфрлија“ официјалната статистика на продавани дресови за тек завршената 2012, а еве како стојат работите.
Значи, како што можеше да се очекува, МВП на минатогодишната сезона како и финалето, ЛеБрон Џејмс, го зазема врвот на листата на топ-продавани дресови во НБА. Од друга страна Њу Јорк Никси се тим чија “роба“ беше најбарана во 2012, по прв пат беа број еден на тимската листа по 2004. година.
На второто место е крилото на Оклахома, Кевин Дурант, кој по одиграното прво финале во кариерата се качи од 8. на 2. место. Од 2001. година па се до 2012. Коби Брајант дуре шест пати беше горд сопственик на најпродаваното “презиме“ во НБА, но оваа година “Црната Мамба“ се наоѓа дури на третата позиција.
Најзаслужен за одличното продавање на “робата“ на Никси е Крамело Ентони, кој се наоѓа на високото 4 место на листата. Дерик Роуз, бекот на Чикаго водеше лани во оваа категорија. Тешката повреда го направи своето, па дресот на Роуз падна на петтото место.
Ова е комплетната листа на најпродавани дресови во 2012. година:
1. ЛеБрон Џејмс, Мајами Хит
2. Кевин Дурант, Оклахома Сити Тандер
3. Коби Брајант, Лос Анџелес Лејкерс
4. Кармело Ентони, Њу Јорк Никс
5. Дерик Роуз, Чикаго Булс
6. Ражон Рондо, Бостон Селтикс
7. Двејн Вејд, Мајами Хит
8. Блејк Грифин, Л.А Клиперс
9. Двајт Хауард, Л.А Лејкерс
10. Крис Пол, Л.А Клиперс
11. Дерон Вилијамс, Бруклин Нетс
12. Расел Вестбрук, Оклахома Сити Тандер
13. Стив Неш, Л.А Лејкерс
14. Пол Пирс, Бостон Селтикс
15. Дирк Новицки, Далас Маверикс.
0 comments:
Post a Comment