![mike-d'antoni](http://nbacro.com/files/2012/11/mike.jpg)
Моментално кошаркарите се на скор од 19-25, но во последните две натпревари го здогледаа светлото на крајот на тунелот и тоа по што ја променија филозофијата на играта. Имено, Коби престана да го форсира шутот и почна да го разигрува тимот, па така во последните два натпревари запиша по 14 асистенции. Лејкерси оваа сезона се на скор од 13-3 кога Брајант ќе упати 19 или помалку шута, а се на скор од 6-22 кога ќе шутне над 20 пати.
“Се започнува од Коби. Не го форсираше шутот и ја додаваше топката. Играше сјајно во одбраната. Се започнува со него, но и сите останти придонесуваат“,
вели Мајк ДиАнтони.
“Моментално играме добро, искрени сме едни кон други и сметаме едни на други. Тоа е голема разлика. Се обидувам да се развивам и да го најдам најдоброто на клубот“,
вели Брајант, кој против Тандер шутираше 8/12, и даде 21 поен.
“Најдовме нешто што функциоонира, тоа е сигурно и нешто поради што можеме да се чувствуваме. Мислам дека начинот на кој сега играме може да биде успешен“,
вели Гасол.
0 comments:
Post a Comment