![](http://cdn.bleacherreport.net/images_root/slides/photos/002/339/375/145931264_crop_650x440.jpg?1340233046)
Организаторите на натпреварот му приредија добредојде на големиот Реј Ален пуштајќи ги неговите најдобри моменти во дресот на Селтикси на големиот семафор во ТД Гарден пред самиот почеток на натпреварот. Реакциите публиката беа поделени, но се стекна впечаток дека поголемиот дел извикуваше. Тоа јасно може да се слушне на крајот на првата четврина кога влезе во игра.
Бостон Селтикс славеја во супервозбудлив натпревар по две продолженија, а Ален мечот го заврши со 21 поен, и беше втор стрелец на својот тим, зад ЛеБрон Џејмс. За 38 минути поминати на паркетот, 38 - годишникот шутираше 7/17 од игра и само 2/8 за три поени. Сепак таа една тројка од двете погодени ги врати Хит од победа и им помогна да се изборат за продолжение.
На конференцијата, Ален изјави дека извиците не го погодиле и дека тие покрај се го потсетиле дека до крајот на животот ќе се чувстува како “Келт“.
“Беше неописливо чувството да се вратиш таму и да играш натпревар против луѓето со кој си ја делел соблекувалната цели 5 сезони. На самото доаѓање сретнав многу познати лица во халата и надвор од неа. Морам да кажам дека во тие моменти ми проработија емоциите. На крајот и јас сум човек кој поминал незаборавни денови во Бостон, одиграл големи натпревари, погодувал важни шутеви. Му се допаѓало на некого или не, јас ќе бидам ’Келт’ до крајот на мојот живот!“
вели Ален.
0 comments:
Post a Comment