Home » , » Атланта Хокс очајни во новата година

Атланта Хокс очајни во новата година

Written By Unknown on 15.1.13 | 16:28

Мачејќи се да победат во најважниот дел од сезоната, вклучувајќи го и историски-лошиот натпревар против Чикаго во понеделникот, Атланта Хокс се спремаат за да ги пречекаат жешките Бруклин Нетс и нивниот поранешен Ол-Стар играч Џо Џонсон во Филипс Арената.

Атланта моментално е во катастрофална форма, губејќи 7 од последните 9 натпревари. Пред само 2 недели, Хокс ја играа најдобрата кошарка во новата сезона и беа едни од најдобрите тимови во лигата, пласирани на 3тата позиција во источната конферецнија, веднаш позади Мајами Хит и Њу Јорк Никс.

Понижувачкиот пораз од Чикаго Булс од 58-97 беше најниската точка која што Атланта ја достигна во изминативе две недели. Во тој натпревар против Булс во Чикаго, Атланта постигна само 5 поени во 2/4 и во текот на целиот натпревар реализираше само 29% од своите шутеви. На другата страна пак, одбраната беше очајна и Чикаго го користеше тоа во своја полза, нанесувајќи им го на Хокси петтиот последователен пораз на гости. 

“Делот од играта што не ни дозволува да победиме е недостатокот на напор и желба за победа. За тие две работи всушност играчите се платени, за да донесат напор и да имаат желба за победа. Тоа недостастува кај нас, а можеби и тимската хемија е падната на најниско ниво. Ќе мораме да ја средиме оваа работа за да отскокнеме од овој лош период во сезоната.“ - изјави Лери Дру, тренерот на Атлатна Хокс.

За Атланта, официјално стигна времето кога треба да почнат да се грижат за нивниот моментален рекорд од 21-16, кој за неколку недели може лесно да се сврти на негативната страна ако тие продолжат да играат вака очајно.

Дру ќе мора да ја поправи оваа ситуација најбрзо што може, бидејќи календарот со натпревари за Атланта не е воопшто лесен. По 2 натпревара со Бруклин дома и на гости, следуваат домашни натпревари со Сан Антонио и Минесота, потоа Хокси гостуваат кај Шарлот, а натпреварот со Њу Јорк во МSG е измеѓу натпреварите помеѓу Селтикс и Репторс. Доколку Атланта не се подобри во овие следни 8 натпревар, првиот месец од годината може да ги чини и пласман во плејофот. 

0 comments:

Post a Comment