Home » , » Џорџ Карл верува дека ЛеБрон еден ден ќе се врати во Кливленд

Џорџ Карл верува дека ЛеБрон еден ден ќе се врати во Кливленд

Written By Unknown on 15.1.13 | 15:58

Сите се сеќаваме на начинот на кој Леброн Џејмс го напушти тимот на Кливленд Кавалирс, како слободен агент. Сето тоа не изгледаше воопшто убаво, а Леброн изјави дека тој би постапил на поинаков начин доколку би имал шанса.

Сопственикот на Кливленд, Ден Жилберт беше познат по своите критики кон Леброн и начинот на кој тој го напушти тимот кој го драфтуваше и во кој Леброн го заработуваше парчето леб (и многу повеќе) цели седум сезони. Целата критика беше бидејќи Леброн едноставно излезе на телевизија и изјави дека заминува од Кливленд, без притоа да го информира тимот за тоа.

Постојат многу пречки за да се оствари трансферот на Џејмс во Кливленд, иако тој проба да го подготви теренот со изјавата дека не ја отфрла таа можност во иднина. Сепак би било тешко да се замисли топло добредојде од страна организацијата на Кливленд, како и од фановите на Кливленд.

Еве една изјава од оние кои веруваат во овој трансфер:

“Јас мислам дека Леброн би го сторил тоа со цел да се мотивира себеси да направи нешто што е можеби потешко. Тоа, според мене е многу веројатно“ - изјави Џорџ Карл, тренерот на Денвер Нагетс.

Инаку Карл, кој беше тренер на Кливленд од 1984 до 1986 година, како главна причина за враќањето на Џејмс го наведе Кајри Ирвинг. Сензационалниот Ирвинг е лидерот екипата на Кливленд со 23.5 поени по меч.

За ова да се случи, Мајами би требало да излезе од трката за титулата, за Џејмс да помисли на заминување (особено ако се земе во предвид дека тој веќе освои титула со Вејд и Бош). А и животот во Мајами е далеку подобар од животот во Охајо. Докажано.

На крајот, се' се сведува на подобра понуда. Враќањето дома е секогаш повеќе од обичен трансфер, но само во недостаток на подобра и поразумна понуда.

0 comments:

Post a Comment