Home » , » Дерон Вилијамс вели дека не заслужува да биде Ол-Стар оваа сезона

Дерон Вилијамс вели дека не заслужува да биде Ол-Стар оваа сезона

Written By Unknown on 15.1.13 | 19:50

Пред само неколку години Дерон Вилијамс беше автоматски избор за Ол-Стар натпреварот. Дали ќе биде излгасан од фановите или од тренерите, Д-Вил мораше да настапи на Ол-Стар натпреварот.

Па беше и заслужено. Во 2010 година со Јута Џез, Вилијамс имаше просек од 18.7 поени и 10.5 асистенции, со ниво на ефикасност - PER - 20.6. Заедно со Крис Пол, неговото име беше споменувани помеѓу најдобрите плејмејкери во лигата. 

Оваа сезона не е баш така. Вилијамс сезонава постигнува по 16.8 поени и 7.7 асистенции по натпревар, со ниво на ефикасност - PER - 18.7. Сеуште е добар, но заслужи ли да биде дел од Ол-Стар натпреварот?

“Мислам дека моментално има играчи кои што играат подобро од мене и ја заслужуваат шансата да бидат дел од Ол-Стар натпреварот.“ - изјави Дерон Вилијамс, признавајќи дека не игра на ниво на Ол-Стар оваа сезона. 

Па и во право е. Но оваа година истокот не е така длабок со бековите кои што се потенцијални учесници на Ол-Стар натпреварот, па Дерон лесно би можел го најде своето место на натпреварот во Хјустон.

Кога стартерите за Ол-Стар натпреварот ќе биде објавени во четвртокот, Ражон Рондо и Двејн Вејд најверојатно ќе бидат стартери на бековските позиции во истокот, поради големата предност која што ја имаат над другите бекови. Но покрај нив, кој друг ќе добие шанса?

Кајри Ирвинг е силен кандидат и мора да добие повик од тренерите. Но после него има солидни момци како Џру Холидеј, Монта Елис, Џ.Р. Смит и Пол Џорџ. Но ќе биде шокирачки ако тренерите не го одберат Вилијамс во составот на истокот. 

0 comments:

Post a Comment