Home » , » Феникс Санс го именувааа двократниот НБА шампион за нов тренер

Феникс Санс го именувааа двократниот НБА шампион за нов тренер

Written By Anonymous on 21.1.13 | 20:15


lindsay-hunter
Само два дена откако ја раскинаа соработката со тренерот Елвин Гентриј,кошаркарскиот НБА клуб Феникс Санс за привремен тренер го именуваше дво кратниот НБА шампион - Линдзи Хантер.

Хантер (40) одигра 17 сезони во НБА лигата, а во Санси на местото на скаут, дојде минатата сезона. Ова ќе му биде прво тренерско искуство во животот.

Како играч на 5 НБА тимови, Хантер во НБА лигата изигра 937 натпревари бележеше по 8.5 поени по натпревар, а во два наврати ја освојуваше и титулата. Прв пат ја освои во 2002. со Лејкерси, а вториот пат со Пистонси. Играчката кариера ја заврши во 2010. година.

Хантер го наследи, како што рековме, Гентри, кој беше тренер на Санси уште од 2009та година, а во 2010. година ги предводеше Санси до финалето на Западот. Таму по 6 натпревари беше поразен од подоцнешниот првак - Лејкерс.

0 comments:

Post a Comment