Home » , » Андерсон Варежао нема да заигра до крајот на оваа сезона

Андерсон Варежао нема да заигра до крајот на оваа сезона

Written By Unknown on 21.1.13 | 21:36

Кливленд Кавалирс вечерва објавија дека нивниот центар Андерсон Варежао ќе го пропушти и преостанатиот дел од сезоната поради проблеми со неговите бели дробови.

Бразилецот во редовите на Кавалирс имал згрутчена крв во десниот долен дел од белите дробови, при што морал да оди во клиниката во Кливленд, каде што од докторите му било посочено да не игра кошарка повеќе оваа сезона.

“Здравјето на нашите играчи не е грижа број еден. Навистина ми е жал за Варежао и неговото семејство. Знаеме каков натпреварувач е и знаеме колкава е неговата желба да заигра повторно, но за жал повредите го мачат цела сезона. Во меѓувреме, тој ја има целата наша поддршка кон него и секогаш сме спремни за да го пречекаме назад кога ќе се врати од повредата.“ - изјави ГМ на Кавалирс, Крис Грент. 

Андерсон Варежао ја играше најдобрата сезона во својата кариера, водејќи ја лигата во скокови (14.4 по натпревар) додавајќи на тоа уште 14.1 поени по натпревар. Сезоната ја започна сензационално, но до сега има одиграно само 25 натпревари, додека последниот натпревар го одигра на 18. Декември против Торонто Репторс. Оттогаш имаше повреда на коленото, па поради операцијата порано во Јануари требаше да се врати некаде за 3-4 недели. Но поради оваа последна повреда, Кливленд ќе остане без Варежао до крајот на сезоната.

0 comments:

Post a Comment