Home » , » Док Риверс: “Играме очајно“

Док Риверс: “Играме очајно“

Written By Anonymous on 21.1.13 | 19:56


“Ова беше очајно. Играме очајна кошарка“, изјави Док Риверс, тренерот на Бостон Селтикс по поразот на гости кај Детроит со 103-88, трет во низа за неговиот тим.

“Секоја вечер сите 12 играчи исграат на ист начин. И така три натпревари по ред. Мораме да најдеме начин да се промениме“,

вели Риверс.

Пред споменатите 3 порази во низа, Селтикси имаа 6 победи по ред. Моментално се осми на Истокот со скор од 20-20.

“Им реков на играчите дека нашата 4та и 5та утакмица од таа низа од шест победи е катастрофа. Едноставно победувавме, тоа беше се. Мислам дека играчите не се искрени едни кон други. Не работиме на тоа за да бидеме добар тим“,

“Играчите сакаат да победуваат на лесен начин. Им реков дека ако сакаат да победуваат така мораат напорно да работат. Што повеќе се трудите, полесно ќе победувате. Но, ние имаме погрешен пристап. Мора да најдеме некоја друга комбинација и вистински играчи, или некој ќе замине од тимов! Овој тим моментално не игра добра кошарка. Тоа е сето на играчите. Мораат да играат подобро, но не го прават тоа. Можеби јас не успевам да го извлечам тоа од нив, а можеби проблемот е во нив. Било како, мораме да почнеме да играме подобро или ќе дојде време на промени“,

заврши Риверс.

0 comments:

Post a Comment