Home » , » 100те поени на Вилт Чемберлејн

100те поени на Вилт Чемберлејн

Written By Anonymous on 10.3.13 | 15:04

На 2. март 1962 година, во Хершеј Спорт Арената, се изигра натпреварот помеѓу Филаделфија и Њу Јорк. 

На тој натпревар, Вилт Чемберлејн, еден од најдобрите центари во историјата на овој спорт ја напиша историјата. Постави рекорд, кој и ден денес не е срушен. Постигна 100 поени!

Како што споменавме веќе, Вилт на тој натпревар постигна 100 поени, најмногу на еден официјален натпревар на НБА лигата. Неговиот тим победи со 169-147, а покрај неверојатните 100 поени на Вилт, тој запиша 25 скока и 2 асистенции.

Поени по четвртина:
1/4: 23 поени
2/4: 18 поени
3/4: 28 поени
4/4: 31 поен

Вкупно: 100 поени.

Овој натпревар не е снимен, има само радио снимка на репортерите која може да ја погледнете овде.

0 comments:

Post a Comment