Home » , , » 100те поени на Вилт Чемберлејн

100те поени на Вилт Чемберлејн

Written By Unknown on 10.3.13 | 15:04

6fb7a-hawksusage1

“Ќе ви раскажам приказна. Се работи за џин, кошаркарски џин. Неверојатен играч. Се ова е вистина. Вилт Норман Чемберлејн. Атлетски кошаркар, огромен кошаркар кој одеше на оваа планета. Ја играше играта како никој до сега, никој не видел таква сила како што имаше Вилт. Но, на една ноќ пред 50тина години, Вилт постигна 100 поени. Да, точно е, 100 поени.“

 

За ова зборува и Бил Расел во документарецот ”Wilt’s 100”, проект на НБА ТВ куќата која своја премиера ја имаше на 2 март токму на 50 годишнината од 100ката на Вилт. Расел и неговиот топол глас ке ве водат во текот на цел документарец во кој можеме да ги погледнеме сведоците, мистериите околу таа легендарна утакмица. Нема многу да навлегувам во кариерата на Вилт и да го споредувам со Бил Расел и останатите центри. Постот ке биде фокусиран само на 2 март 1962 година!

Филаделфија Вориорс таа година со Селтикси беа главните фаворити на Истокот благодарејќи на рекордната сезона на Вилт во која имаше просеци од 50 поени и 25 скока. Неповторлива регуларна сезона за него кој во 45 пати постигнуваше повеќе од 50 или повеќе поени, и тоа во регуларна сезона која имаше 80 натпревари. Голема заслуга за тоа имаше и новиот тренер на Вориорс Френк МегГур, кој секој напад го центрираше на Вилт, дури и на почетокот на сезоната му рече дека оди на кршење на сите можни рекорди. Така и беше.

Сепак, најимпресивен учинок му беа 100те поени. Натпреварот против Никси се играше во малиот град Харшеј, познат по производство на чоколада. Салата имаше капацитет за нешто повеќе од 8000 души и не беше исполнета до последно место. Немаше ТВ камера, а единствениот пренос во салата го водеше тогашниот коментатор на Вориорси Бил Кембел. Вилт во тој натпревар влезе фуриозно, веќе во првата четврина имаше 23 поени и 10 скока и на своите соиграчи им рече дека оди на 100. На полувремето имаше 41 поен, меѓутоа единствена работа која најмногу го шокира беше погодените слободни фрлања 13/14. Тогаш на сцена настапува историјата, доминација невидена до денешен ден на паркетите .Во второто полувреме ги унишува Никси им дава 59 поени, а кога со забивање ја помина границата од 100 поени, навивачите влегоја на паркетот и го прекинаа натпреварот. Натпреварот според некои е прекинат 46 секунди пред крајот, иако аудио записот не го тврди истотот. Имаше уште една мистерија, топката со која е игран натпреварот исчезнува и никоаш не е пронајдена.

Харви Полак по натпреварот во соблекувалната му дава на Вилт парче хартија на која пишеше 100. Така е направена најпознатата слика во кошаркарската историја.

Таа сезона Филаделфија испадна во финалето на Истокот, Бостон Селтикси беа премногу јаки и многу пати го запреја походот на Вилт кон титулата. Два прстени се премногу малку за играч од негов калибар, но рекордите индивидуалната игра ни кажува дека се работи за играч со неверојатни способности. Вистина дека конкуренцијата не беше толку јака и тогаш кошарката се гледаше поинаку, меѓутоа доста стручњаци сметаат дека Вилт и ден денес со своите 217 цантиметри би можел да дава по 30 поени по натпревар.

 
“Вилт ме направи подобар, тој е  еден од оние што секогаш невозможното го правеа возможно. Не само на 2. март, 1962 година, туку секогаш кога ќе стапнеше на паркетот. Дали ќе видиме повторно некој да постигне 100 поени во еден натпревар? Можеби. Но, дали светот некогаш ќе види нов Вилт Чемберлејн? Дефинитивно не. Легендите не се раѓаат повторно, тој е еден од најдобрите“  - рече Бил Расел.

 


Поени по четвртина:

1/4: 23 поени

2/4: 18 поени

3/4: 28 поени

4/4: 31 поен


Вкупно: 100 поени.



Овој натпревар не е снимен, има само радио снимка на репортерите која може да ја погледнете овде.

 

0 comments:

Post a Comment