Home » , » Брендон Џенингс: “Во првиот круг од плејофот сакам да играм против Мајами“

Брендон Џенингс: “Во првиот круг од плејофот сакам да играм против Мајами“

Written By Anonymous on 10.3.13 | 13:08


Мивоки Бакс моментално се наоѓаат на 8мата позиција во Источната Конференција со 31 победа и 29 порази. Со обзир на тоа дека не може скоро никој од тимовите што се зад нив да ги стигне, многу е веројатно дека Бакси во плејофот ќе влезат како 8. пласирани.

Осмата позиција им гарантира средба со прворангираната екипа во конференцијата во првиот круг од плејофот, а тој тим 99.9% е Мајами. Тимот на Хит моментално игра “вселенска“ кошарка и со 17 победи по ред се најдобар тим оваа година.

Сепак, ѕвездата на Бакси, Брендон Џенингс смета дека неговиот тим би имал шанси во таа серија. 23 - годишниот плејмејкер на последниот тренинг изјави дека сака дуел со ЛеБрон, Вејд и друштвото. Притоа, сака да ги одбегне Пејсерси и Никси.

“Мислам дека би можеле да му се спротиставиме на Мајами. Во двата овосезонски натпревари добро го покажавме тоа. Ако мене ме прашувате, сакам да играм против Мајами Хит во првата рунда од плејофот. Во последните неколку сезони игравме многу неизвесни натпревари со нив, а ова на некој начин дека и ние имаме шанси. На пример, во текот на оваа сезона не игравме добро против Никси, така да Мајами мислам дека е подобра опција поради тие неколку натпревари на кои добро им париравме. Не знам дали го правевме тоа затоа што се шампиони или не, но на тие два меча игравме неверојатно. Милам дека шансите се 50-50“,

вели Џенингс.

0 comments:

Post a Comment