Тимот на Мајами во последните денови е во центарот на вниманието поради сјајната низа од 24 последоватолни победи. Актуелните шампиони од Флорида сега се “само“ на 9 победи од соборување на рекордот на Лејкерси кој е поставен во сезоната 1971-72.
Легендата на Лејкерси, човекот чија силуета се наоѓа на логото на НБА лигата и кој има своја статуа пред Стејплс Центарот, е уведен дека ЛеБрон Џејмс, Двејн Вејд и тимот имаат доволно квалитет за да го соборат рекордот кој “држи“ од пред 4 децении.
“Мене како човек ми е навистина одлично да гледам што се прави Мајами. Кога ќе ги видам како играат, навистина имам впечаток дека нивната серија никогаш нема да заврши. Токму поради тоа сметам дека се што прават е повеќе од одлично. Кога ќе го погледнам нивниот распоред, со кои тимови се треба да играат, јас навистина не гледам кој тим би можел да ги загрози. Евентуално Спарси“,
рече Џери Вест кој е уверен дека Мајами има историска шанса да го сруши овој рекорд.
“Искрено, верувам дека Мајами може да го сруши нашиот рекорд. Верувам дека имаат добри шанси рекордот наш да падне оваа година. Велам, јас навистина не гледам како можат да изгубат. Луѓето ми пријдуваат и ми велат: ’Дали ти смета што Мајами ќе го сруши рекордот?’, а јас им велам: ’Секако дека не.’ Мислам дека тоа ќе биде одлично за НБА лигата доколку успеат. Само кога ќе помислам на тоа колку беше убаво. Јас немам проблем со тој тим. Немам никаков проблем на тоа мислејќи дека ке го срушат нашиот рекорд“,
искрен е популарниот “Господин Клач“, и додава дека Мајами играл толку убаво, што бил уверен дека ќе се вратат од -27 против Кливленд. Тоа и го направија.
“Мојата жена рече: ’Еве, ќе загубат’. Јас на тоа и вратив: ’Нема шанса, добиваат со 10 разлика.’ На крајот победија. Коога играте на такво ниво, како што играат тие во овој момент, тогаш сте пред сите. Просто, сте на друго нив. Тие играат на плејоф ниво веќе сега. Тоа што успеваа да го направат против Кавс е навистина спектакуларно“,
не ги криеше пофалбите Џери Вест.
0 comments:
Post a Comment