Home » , » Дерик Роуз: “Само Бог знае кога ќе се вратам“

Дерик Роуз: “Само Бог знае кога ќе се вратам“

Written By Anonymous on 21.3.13 | 23:15



Плејмејкерот на Чикаго Булс, Дерик Роуз сеуште не успеа да запише ниту еден настап за Чикаго по тешката повреда на коленото во првото коло од плејофот минатата сезона. Тој изјави дека само “Бог знае кога ќе биде во ситуација да игра повторно“.

Навивачите на Чикаго овие денови го чекаат враќањето на Дерик Роуз. Како што стојат работите денот кога повторно ќе заигра Ди Роуз не е ни блиску.

“Никој не знае кога ќе се вратам на теренот. Мислам дека само Бог го знае одговорот на тоа прашање“,

“објасни“ Роуз. Според новите информации точниот датум на неговото враќање сеуште не е одреден. Наводно, би можело да е утре, а би можело и да не заигра до крајот на сезонава.

“Јас секогаш имам чувство дека би можел да го играм баш следниот натрпевар. Но, никако да се случи тоа“,

изјави поранешниот МВП на сезоната. Роуз е опериран минатиот мај, а не играше во НБА лигата од април, минатата година.

0 comments:

Post a Comment