Home » » Брендон Џенингс: “Имаме одлични шутери во тимот“

Брендон Џенингс: “Имаме одлични шутери во тимот“

Written By Anonymous on 22.3.13 | 18:45


Плејмејкерот на Милвоки Бакс, Брендон Џенингс (23) смета дека неговиот тим напредува од меч во меч. Тој е уверен дека Бакси, со одличните шутери во тимот, можат оваа сезона да направат нешто во плејофот и дека ќе можат да огираат важна улога по завршетокот на сезоната.

Организаторот на Бакси оваа сезона не играше на Ол Стар натпреварот. Сепак, Џенингс смета дека неговите “Елени“, иако се на 8. место на Истокот со учинок од 34-33, имаат доволно квалитет за добри партии во плејофот.

“Оваа сезона малку ја сменивме играта во напад, сега ни е послесно. Имам повеќе слобода и тоа многу ми значи. Напредуваме од натпревар во натпревар, а покрај тоа играме и добро во одбрана“,

смета Џенингс кој верува дека одлично се слага со Монта Елис на бековската линија.

“Се трудам да ја искористам секоја пукотница во одбраната на противникот. Се обидувам да играм за тимот, се обидувам се повеќе да ги вклучам играчите. Неодамна дојде Џ.Џ. Редик, тука е и Монта Елис, па со нив можеме да комбинираме на различни начини бидејќи тие се одлични шутери и се опасни за противникот“,

рече плејмејкерот на Бакси, Џенингс додава дека играчкиот состав на Милвоки многу брзо се сменил откако во 2009. година стигна во НБА како 10. пик,

“Не се промени Милвоки само во играчка смисла. Стигнаа одредени играчи како што се Монта и Редик, но нашите играчи кои се од порано овде се промениа. Ерсан Илјасова во потполност играчки се смени, созреа, тој сега игра подобро од минатите сезони. Исто така, оваа година Лери Сандерс покажа дека е одличен играч, навистина игра одлично и ни помага во вистинска смисла, а е и прв блокер на лигата, а неговата одбрана ни е од голема важност,“

смета Џенингс кој оваа сезона постигнува по 18.7 поени и дели по 6.8 асистенции по натпревар.

“Не бевме во плејофот минатата сезона, многу би ни значело ако играме таму оваа сезона. А се изгледа дека ќе играме. Верувам дека имаме шанса да одиграме добро и по регуларната сезона, а тоа не би му значело многу на нашиот тим, туку и на целиот град“,

заврши Џенингс.

0 comments:

Post a Comment