Home » , » Документарецот за “Доктор Џеј“ ќе биде промовиран во јуни

Документарецот за “Доктор Џеј“ ќе биде промовиран во јуни

Written By Anonymous on 15.4.13 | 18:09


НБА ТВ, во пресрет на НБА финалето во јуни, ќе прикаже документарен филм за кариерата на Џулиус Ирвинг, по повод - 30 години од освојувањето на неговата единствена НБА титула.

Филмот под име “Доктор“ (или на американски “The Doctor“) ќе биде емитуван на 10. јуни помеѓу натпреварот од големото финале. Документарецот трае 90 минути и во него ќе биде прикажано се, како и досега непознати приказни од неговата АБА кариера. По успехот во АБА лигата, “Доктор Џеј“ се реши да ја проба и НБА лигата каде во 1983. година ја освои титулата со Филаделфија.

Еден од најатрактивните забивачи на сите времиња, денес член на куќата на славните во Спрингфилд, во филмот ќе зборува за детали од своите средношколски денови во Њу Јорк, па се до приказните и деталите од НБА лигата.

“Освен ако не сте играле против овој човек, освен ако не сте го гледале во живо, вие не можете да знаете поточно колку е голем овој играч“ - вели Пет Рајли за Доктор Џеј.

Сметајќи го учеството во АБА лигата како и во НБА лигата, Џулиус Ирвинг во текот на својата кариера, во која освои еден НБА и два АБА прстени има постигнато дури 30.026 поени.

0 comments:

Post a Comment