Home » , » Пол Пирс: “Еден ден можеби ќе му простам на Ален затоа што отиде во Мајами, но сеуште не сум во состојба“

Пол Пирс: “Еден ден можеби ќе му простам на Ален затоа што отиде во Мајами, но сеуште не сум во состојба“

Written By Anonymous on 14.4.13 | 21:17


Скоро целата НБА сезона помина, а капитенот на Бостон, Пол Пирс и натаму не може да се помири со еден факт: како Реј Ален замина од Бостон и потпиша за Мајами...

Веројатно “Вистината“ не е единствен човек на светот кој на популарниот “Реј Реј“ засекогаш ќе му замери поради заминувањето. Сепак, треба да се истакне дека Реј Ален не се вклопуваше во плановите на тренерот Док Риверс кој почна повеќе да верува во младиот Ејвери Бредли. Заминувањето на најдобриот тројкаш на сите времиња од Бостон можеше да се “намириса“ уште минатата сезона. Но, според Пирс можел да замине во било кој друг тим... Не баш во Мајами...

“Сеуште не го преболев заминувањето на Реј во Мајами. Еден ден, сигурно ќе седнеме да позборуваме за се, но не сега. Сигурен сум дека ќе разговараме за се што се случи и ќе гледаме на тоа од друг агол. Можеби тогаш ќе му простам. Но, тој ден сеуште не е дојден. Денес тоа не го можам“ - започна Пирс.

Капитенот на Селтикси продолжи во ист ритам:

“Многу сум повреден затоа што замина баш таму. Еве, кажете ми вие мене, како би ви изгледало вас, да, две години по што се боревме со Лејкерси за титулата, да го напуштам Бостон и да отидам во Лејкерси? Тоа баш го направи тој“ - смета Пол Пирс.

Од друга страна, сегашниот играч на Мајами вели дека му недостасува играњето со капитенот на Бостон:

“Ми недостасува играњето заедно со Пирс. Навистина ми недостасува тоа што не сме повеќе соиграчи. Многу ми беше тешко да донесам одлука за заминување од Бостон, многу емоции морав да тргнам настрана. Некои работи со моето заминување не се променија. Јас го почитувам тоа што тој се чувствува така. Тоа чувство е оправдано. Јас, сепак, веќе не сум негов соиграч, и не му помагам на Бостон да победува“ - вели Ален.

Најдобриот тројкаш на сите времиња продолжи:

“Знам дека тој е повреден затоа што дојдов во Мајами, но во суштина тој знае се што се случи и мора да ме разбере. Јас и тој мора да се погледнеме очи в очи бидејќи знаеше што мора да напрам. Го знае тој тоа“ - заврши Ален.

0 comments:

Post a Comment