Заза Пачулија ги пропушти последните 15 натпревари за Хокси поради повреда на десната ахилова пета. Тој мора да оди на операција и за него сезоната е завршена.
“Откако во изминатиот период ги разгледувавме опциите за Пачулија одлучивме да го пратиме на операција за да биде 100 % спремен за понатамошната кариера. Заза е професионалец со голема работна навика и е многу силен. Ние ќе продолжиме да работиме и со нетпрение ќе го очекуваме неговото враќање“ - изјави ГМ на Хокси Дени Фери.
Повредата беше откриена на 21ви Јануари. Прашањето доаѓа од тоа дали Пачулија го изигра последниот натпревар за Хокс бидејќи ќе биде незаштитен слободен играч летото. Пачулија помина 8 сезони во Хокси и забележа просек од 6.8 поени и 5.5 скокови по натпревар, каде играше по 20.8 минути на паркетот.
0 comments:
Post a Comment