Home » , » Ману Џинобили ќе отсуствува најмалку 3-4 недели

Ману Џинобили ќе отсуствува најмалку 3-4 недели

Written By Unknown on 2.4.13 | 19:02

Од таборот на Спарси и официјално изјавија дека Ману Џинобили нема да игра 3-4 недели со повредата на задната ложа која ја заработи во петокот против ЛА Клиперс.

Плејофот започнува на 20ти Април, што би требало да биде доволно време за шестиот играч на Спарси да оздрави и да се врати 100% здрав за пост-сезоната.

Но, сега прашањето е дали Спарси без Џинобили ќе можат да го издржат притисокот од Оклахома Сити Тандер и да го задржат првото место во западната конференција. Со новиот пораз на Сан Антонио во Мемфис, Тандер се доближи на само 1 натпревар позади Спарси. 

Поголем проблем за Сан Антонио моментално е битката за првото место на западот пред да започне плејофот, туку оној "проблем" со кој ќе се соочат во првата рунда од плејофот и дали тимовите како Рокетс или Јута/Лејкерс/Далас можат да им направат проблеми доколку не го добијат Џинобили назад. 

0 comments:

Post a Comment