Home » , » ЛеБрон Џејмс изби на 12. место на најдобрите стрелци во историјата во плејофот

ЛеБрон Џејмс изби на 12. место на најдобрите стрелци во историјата во плејофот

Written By Anonymous on 2.6.13 | 14:20

 МВП-то на НБА лигата, ЛеБрон Џејмс беше немоќен против расположените Пејсерси во натпреварот 6. од финалето на Истокот. Тој постигна 29 поени со 7 скока и 6 асистенции, но немаше кој да му помогне, немаше расположен соиграч за да им парира на Пејсерси.

Џејмс и Мајами својата шанса ќе ја бараат во одлучувачкиот меч од серијата на Флорида, а до тогаш утеха му останува тоа што проби на 12. место на најдобрите стрелци во историјата на плејофот.

Во тројката на финишот на првата четвртина ЛеБрон го забележа својот 3643. поен во плејоф кариерата и на тој начин го престигна легендарниот Скоти Пипен, кој во плејоф кариерата постигна 3642 поени.

Следен играч на таа листа е уште една жива легенда, Меџик Џонсон со 3701 поени. Доколку Џејмс одигра монструозен 7. натпревар против Пејсерс постои реална шанса да го престигне и него и да се качи на 11. место.

Ако сепак не успее да го оствари ова против Пејсерси, а Мајами се пласира во финалето, извесно е дека ЛеБрон ќе го помине во текот на финалната серија.

0 comments:

Post a Comment