Home » , » Најпознатите тепачки во историјата на НБА лигата

Најпознатите тепачки во историјата на НБА лигата

Written By Anonymous on 2.6.13 | 17:00

Во ова неделно попладне ќе ви ги претставиме најпознатите тепачки во историјата на НБА лгиата!

“The Punch“ - Кермит Вашингтон се обиде да го убие Руди Томјанович
На 9. декември 1977. година на мечот помеѓу Хјустон и Лејкерси е виден веројатно и најстрашниот удар во историјата на НБА лигата, познат како “The Punch“. Карим Абдул - Џабар и Кевин Канерт се “счепкаа“ на половината на теренот, кога играчот на Рокетси, Руди Томјанович потрча да го запре тој инцидент. Во тој момент пред него излезе домашниот играч Кермит Вашингтон, кој го пречека Томјанович и со снажен удар во главата го легна на паркетот. Крв имаше на сите страни, Томјанович заработи неколку фрактури на лицето и со не недели се опоравуваше од повредата опасна по живот. Вашингтон беше суспендиран на 26 натпревари, што беше најдолга казна по 73 натпревари суспензија за Рон Артест во сезоната 2004/05.

Тепачката можете да ја погледнете овде.

Реџи Милер vs. Мајкл Џордан
Реџи Милер беше познат како еден од најголемите провокатори во текот на својата 18 - годишна кариера. На мечот помеѓу Пејсерси и Булси во 1993. година, на една таква провокација подлегна и Мајкл Џордан. По постигнатите поени на Индијана, Милер без потреба го оттурна Ем Џеј и на тој начин ја прејде границата. Инцидентот потоа се зголеми со обзир на тоа дека брзо се вмешаа и останатите актери. Епилог - една техничка грешка и две исклучувања.

Тепачката можете да ја погледнете овде.

Чикаго Булс vs. Њу Јорк Никс - 1994
Во текот на плејоф натпреварот во Чикаго на 13. мај 1994. година се “счепкаа“ ЏоЏо Инглиш и Дерек Харпер. Веќе во следниот момент инцидентот прерасна во масовна тепачка во првиот ред од поблуката. На паркетот се најдоа сите играчи на двата тима, а недалеко од местото на немилата сцена стоеше и комесарот Дејвид Штерн. Членовите на обезбедувањето брзо реагираа и паркетот се расчисти со неколку исклучувања, серија фаули и казни.

Тепачката можете да ја погледнете овде.

Лери Брд vs. Доктор Џеј
На 9. ноември 1984. година во раниот сезонски натпревар помеѓу Бостон и Филаделфија дојде до тепачка на две големи ѕвезди. Лери Брд и Доктор Џеј иначе беа во коректни односи, но по неколку физички дуели, суперстарот на Селтикси ги загуби нервите. Публиката во Бостонскиот гарден остана шокирана кога двајцата играчи прво разменија неколку навреди, а потоа сето тоа прерасна во тепачка. Лутиот Брд одвај беше смирен, а лигата одлучи да ги казни двајцата со казна од по 7.500 долари.

Тепачката можте да ја погледнете овде.

Коби Брајант vs. Крис Чајлдс
Поранешниот бек на Никси, Крис Чајлдс е најпознат по тоа што два пати со “шаката“ го удри суперстарот на Лејкерси, Коби Брајант. Тоа се случи во 2000. година во времето кога Коби Брајант беше сеуште младич, и ѕвезда која требаше да засјае во наредните години. Коби исто така немаше многу респект кон противничките играчи. Прво разменија неколку пцовки, а потоа во еден следен напад Коби со лакто го удри Чајлдс. Сепак, Крис веднаш успеа да врати со два удари по главата на Брајант. Брајант потполно изгуби контрола, но оваа тепачка беше спречена од соиграчите на двајцата играчи.

Тепачката можте да ја погледнете овде.

Шек vs. Баркли
Денес главни ѕвезди на ТНТ телевизијата, кој често се шегуваат на сметка на едниот или другиот, а порано крвни непријатели. Баркли посебно “луд“ беше во дресот на Рокетс пред крајот на кариерата. Така овие двајца огромни момци се степаа на натпреварот на Хјустон и Лејкерс во 1999. година. Сер Чарлс беше фаулиран во рекетот на Лејкерси, а Шек му фрли некоја пцовка. Пргавиот Баркли не остана должен и со топка го погоди Шекил во главата. Тоа беше доволно за тепачка, но судиите и останатите луѓе задолжени за сигурноста имаа потешка задача да ги спречат овие двајца момци тешки скоро 300 килограми во намерата.

Тепачката можте да ја погледнете овде.

Чарлс (Баркли) vs. Чарлс (Оукли)
Односот помеѓу Баркли и Оукли најдобро се опишува со еден збор - мразење. Во 1996. година Оукли беше крилен центар во Никси, а тимот на Њу Јорк играше предсезонски натпревар со Рокетси. Тој важеше за еден од најопасните момци во НБА лигата, а покрај тоа не можеше да излезе на крај со Баркли. Од друга страна Чак имаше “дебели“ нерви и можеше да издржи некои моменти, во кои други играчи не би издржале. Во една жестока борба под кошот на Њујорчаните, двајцата играчи паднаа снажно на паркетот по што следеше тепачка. Разменија неколку снажни удари, кои на среќа не беа многу серизони. Двајцата играчи беа исклучени.

Тепачката можте да ја погледнете овде

Чарлс Баркли vs. Бил Ламбир
Чак трет пат на листата. Дефинитивно нема да оди во кошаркарскиот рај. На 20. април 1990. година, тогаш уште како член на Сиксерси, Баркли се степа со злогласниот центар на “Бед Бојс“ Пистонс, Бил Ламбир. Најдобриот играч Сиксерс застана во одбрана на својот соиграч, кој беше испровоциран. Се се сведе на неколу удари пред останатите да се вмешаат, а двајцата играчи беа казнети со по 20.000 долари, што во тоа време беше најголема парична казна во историјата на лигата.

Тепачката можте да ја погледнете овде

Алонзо Морнинг vs. Лери Џонсон
Бившите соиграчи од Шарлот Хорнетс, Алонзо Морнинг и Лери Џонсон изгубија контрола во првата рунда во плејофот во 1998. година. “Зо“ беше тогашен член на Мајами, додека Џонсон ги бранеше боите на Никси. Во последните моменти од натпревар 4. почнаа да “фрчат“ удари помеѓу двајцата играчи, а по општиот метеж на паркетот во МСГ, настрада тренерот на домаќините Џеф Ван Ганди кој проба да интервенира. Денешниот репортер на ЕСПН заврши на подот, притоа го прегазија неколку момци тешки до 100 килограми.

Тепачката можте да ја погледнете овде

Никс vs. Нагетс
На 16. декември. 2006 година, МСГ уште еднаш беше место на масивна тепачка на еден НБА натпревар. Овој пат изби тепачка помеѓу Никси и Нагетси, по еден многу груб фаул на Марди Колинс над бекот на Нагетс, Џ.Р. Смит, кој беше во контра. Неколку играчи потполно ја изгубија контролата и разумот вклучувајќи ги Смит, Нејт Робинсон и Кармело Ентони кој го нокаутира Џерет Џефрис. После тој удар дојде до голема брканица во комплетниот терен, но по неколку минути се се смири. Ентони, Смит и Робинсон комбинирано беа суспендирани 47 натправари. Суспендирани исто беа и Колинс и Џефрис, Џером Џејмс и Нене, а двата тима беа казнети со по 500.000 долари. Интересно, четири од петте играчи на Денвер кој во тој момент беа на паркетот, денес се играчи на Никс.

Тепачката можте да ја погледнете овде.

“Malice at the Palace“

Еден од најлошите моменти во историјата на НБА лигата се случи на 19. ноември 2004. година во Детроит. “Кафанската“ тепачка помеѓу играчите на Индијана и Детроит, позната како Malice at the Palace во која се вклучија и навивачи од домашниот тим, причина поради која и ден денес челниците на НБА лигата се плашат за безбедоста на навивачите. Од самата помисла тогаш, Дејвид Штерн веднаш почна со казнување, на играчите со поголеми суми од нормалните. Главен негативец тогаш како и секогаш е Рон Артест денес познат како Мета Ворлд Пис. Тој во последната минута од натпреварот завојува со Бен Валас, а во тепачката се вмешаа останатите играчи од двата тима. Кога се чинеше дека инцидентот се смири, пибликата фрлаше разни предмети на играчите на Индијана. Тогаш настана прав хаос. Снажните играчи на Индијана влегоја во публиката, а полицијата и обезбедувањето имаа многу работа. Вкупно девет кошаркари беа суспендирани на 130 натпревари, а најтешката казна во историјата на лигата ја заработи Рон Артест кој беше суспендиран 73 натпревари.

Тепачката можте да ја погледнете овде

0 comments:

Post a Comment