Home » , » Уште една легенда се збогува со кошарката - Грент Хил

Уште една легенда се збогува со кошарката - Грент Хил

Written By Anonymous on 2.6.13 | 14:06

 Крилниот играч на Л.А. Клиперс Грент Хил вчера објави дека оди во пензија по 19 - годишната НБА кариера. 40 - годишниот играч се збогуваше со кошарката на ТНТ телевизијата пред почетокот на 6. натпревар помеѓу Индијана и Мајами.


“Драго ми е што конечно можам да кажам дека завршувам. Официјално сум во пензија, се повлекувам. Имав долга и добра НБА кариера. Последните неколку години размислував за ова што сега го објавувам. Дојдов до момент кога повеќе не сакам да играм, иако уживав во професионалното играње кошарка“ - вели Хил.

Хил се повлекува како играч на Клиперси со кои изигра дури 29 натпревари вотекот на минатата сезона, пред се затоа што имаше проблеми со колената. Последниот меч го одигра во Мемфис, каде Клиперси го завршија овогодинешниот плејоф по поразот од 118-105.

Организацијата на тимот од Л.А. му се заблагодари на 40 - годишниот играч во посебно соопштение. Покрај нив, Хил настапуваше и за Детроит Пистонс, Орландо Меџик и Феникс Санс.

Хил освои две НЦАА титули со Дјук, по што е драфтуван во 1994. година од страна на Детроит. Истата сезона избран е за руки на годината заедно со Џејсон Кид. Во текот на кариерата просечно бележеше 16.7 поени, 6.0 скока, 4.1 асистенција и 1.2 украдени топки.

Тој изигра 1026 натпревари во лигата, од кои 972 како стартер. Од игра просечно низ кариерата шутира 48.3% од поле, 31,4% за три и 76% од линијата за слободни фрлања.

Тој исто така е еден од ретките кои во 6. или повеќе сезони бележел над 20 поени, 5 скока и 5 асистенции. Најдобрата сезона ја играше во 1999/00 кога бележеше 25.8 поени, 6.6 скока и 5.2 асистенции. На Ол Стар натпреварот има настапено 7 пати.


Грент Хил исто така беше член на репрезентацијата на САД која освои златен медал на ОИ во 1996. година во Атланта. Кариерата на овој вонсериски играч ќе остане запаметена по тешките повреди кои го спречија да оди до самиот крај, да освои НБА титула.
А еве го Хил, рамо до рамо со најголемиот...



0 comments:

Post a Comment